И годинава Форбс објави листа со најбогати спортски клубови во светот. Петта година по ред на првото место се „Далас Каубојс“, гигантот од американскиот фудбал чија вредност е проценета на 5,5 милијарди $ долари.
На второто место е бејзбол тимот на њујоршките „Јенки“ со вредност од 5 милијарди $ долари.
На местата број 3,4 и 5 следат 3 НБА екипи, „Њу Јорк Никси“ (4,6 милијарди $ долари), „ЛА Лејкерси“ (4,4) и „Голден Стејт Вориорс“ (4,3).
На листата во 10 најскапи спортски клуба на светот се и три европски фудбалски клуба, „Реал Мадрид“ (4,24), „Барселона“ (4) и „Манчестер Јунајтед“ (3,8).
Комплетната листа на 10 најбогати спортски клуба во светот, во целост:
1. Далас Каубојс (Dallas Cowboys) (NFL) - 5,5 милијарда $ долари
2. Њу Јорк Јенкис (New York Yankees) (MLB) - 5 милијарда $ долари
3. Њу Јорк Никс (New York Knicks) (NBA) - 4,6 милијарда $ долари
4. ЛА Лејкерси (Los Angeles Lakers) (NBA) - 4,4 милијарда $ долари
5. Голден Стејт Вориорс (Golden State Warriors) (NBA) - 4,3 милијарда $ долари
6. Реал Мадрид (Real Madrid) (Football) - 4,24 милијарда $ долари
7. Њу Енгланд Патриотс (New England Patriots) (NFL) - 4,1 милијарда $ долари
8. Барселона (Barcelona) (Football) - 4,02 милијарда $ долари
9. Њу Јорк Џајнтс (New York Giants) (NFL) - 3,9 милијарда $ долари
10. Манчестер Јунајтед (Manchester United) (Football) - 3,8 милијарда $ долари
Мора да сте логирани да напишете коментар.