На денешен ден почина Фрида Кало, мексиканска сликарка на реализмот, кубизмот и надреализмот. Една од најпознатите уметници што некогаш живееле. Кога трагедијата ќе се пренесе во пишан збор, а во нејзиниот случај на платно, останува вечноста како сведок на некој друг, сосема необичен свет.
Издвоивме десет од многуте нејзини познати и големи цитати, кои директно сведочат за персоната во нејзе, таа вечна комбинација на љубов и трагедија.
„Ти го оставам мојот портрет за да го имаш моето присуство во дните и ноќите кога ќе бидам далеку од тебе.“
„Болката не е само дел од животот, таа може да стане самиот живот.“
„Чувствувам дека сме заедно уште од нашето раѓање, дека сме створени од истата материја, од истите бранови, дека го делиме истиот пат.“
„Се сликам себеси затоа што јас сум субјектот кој најдобро го познавам.“
„Мислеа дека сум надреалист, но не бев. Јас никогаш не си ги насликував соништата. Ја сликав мојата реалност.“
„Порано пиев затоа што сакав да ја удавам мојата тага. Но сега проклетата научи како да плива.“
„Стапала, што ќе ми сте кога имам крила да летам?“
„Трагедијата е најсмешната работа која може да ви се случи.“
„Одбери љубовник кој те гледа како можеби да си колаче со бурбон.“
„На крајот од денот, сите можеме да издржиме повеќе отколку што мислиме.“
Мора да сте логирани да напишете коментар.