Херман Хесе, цитати за духовниот живот

Херман Хесе е роден во 1877 година во витембершкиот град Калв, во Јужна Германија. По мајка бил Германец, по татко Естонец. Тие два света се вкрстиле и во неговото творештво, давајќи му на тој начин посебен тон на неговиот опус. Сентименталноста што ја наследил од мајка си ја осмислува со длабока мисионерско-филозофска порака упатена до читателот. Не завршил училиште, а работел како механичар, продавач на книги, за подоцна да прерасне во нивни творец, во една од најеминентните фигури на германската литература, и носител на Нобелова награда.

 

По природа хуманист, чувствителен и длабоко ранлив, Хесе остро се судира со неправдата и суровоста на секојдневието, при што, како неволник, единствениот излез го бара во психоанализата и индиската филозофија, и тие два мита во неговото творештво се камен темелник на творечката преродба на Хесе. Творештвото на Хесе е проникнато со романтичарска црта, која може да се разграничи во два основни правца: од една страна мека, нежна сентиментална романтика исполнета со копнеж кон минатото и детството и од друга страна романтиката на внатрешните кризи, што доаѓа до израз во неговото подоцнежно творештво.

Починал на 9. август 1962 година.

Најпознати дела на Хесе се „Степскиот волк“, „Сидарта“, „Нарцис и Златоуистиот“ а ние одвоивме 10 познати цитати на големиот писател.

 

 

„Ако мразиш некоја личност, мразиш нешто во неа што е и дел од тебе. Она што не е дел од нас не ни пречи.“

 

„Светот е убав кога се набљудува како дете, без желби за барање.“

 

„Човек може никогаш да не го пронајде својот дом, но кога ќе ти се спојат патиштата со пријател, тогаш целиот свет ти изгледа како дом, барем некое време.“

 

„Бог не ни испраќа очај за да не убие туку за во нас да пробуди нов живот.“

 

„Љубовта не постои за да нè направи среќни. Верувам дека постои за да ни покаже колку можеме да издржиме.“

 

„Твојата душа е целиот свет.“

 

„И најнесреќниот живот има свои сончеви часови, и под песокта и камењата, свои ситни цветчиња на среќа.“

 

„За првпат во мојот живот ја вкусив смртта, и беше горчлива. Затоа што смртта е раѓање, страв од некоја ужасна преродба.“

 

„Ништо не постоело, ништо нема да постои, сè Е, сè има свое битисување и сегашност.“

 

„Сите гревови во себе носат простување.“

 

Уживате во овој напис? Останете информирани претплатете се на нашиот е-весник!

Коментари

Мора да сте логирани да напишете коментар.

За авторот

Низ мојата омилена парола "Without ART, Earth is just just EH", во прв план и како за мене битни секогаш ги ставам музиката, филмот и уметноста општо. Понекогаш и некоја добра книга, и фудбал секако. Обожавам квизови и енциклопедии, а батериите највеќе ми ги полнат звуците на природата, далеку од метежот и гужвите.