Херман Хесе бил германски писател, поет и сликар, кој низ своите дела често зборел за спиритуалниот живот и себеспознавањето, комбинирајќи автобиографски елементи на агностицизам и психоанализа.
По природа хуманист, чувствителен и ранлив, бил голем противник на нацизмот во Германија. Низ неговото творештво присутна е и романтичарска црта, која се разграничува во две насоки: првата, нежна и сентиментална романтика исполнета со копнеж кон детството и минатите времиња, и втората, на неговите внатрешни кризи.
Добитник е на Нобеловата награда за литература во 1946 година.
Издвојуваме неколку познати цитати за животот, среќата, тагата, љубовта, од неговиот творечки опус.
„Јас живеам во моите соништа, тоа е она што се чувствува. И други луѓе живеат во соништа, но не во своите. Во тоа е разликата.“
„Ако мразиш некоја личност, мразиш нешто во неа што е и дел од тебе. Она што не е дел од нас не ни пречи.“
„Умот е меѓународен и наднароден. Тој не служи за војна и уништување, туку за мир и помирување.“
„Твојата душа е целиот свет.“
„Светот е убав кога се набљудува како дете, без желби за барање.“
„Среќни сме само тогаш кога од утрешниот ден не бараме ништо, а од денешниот со благодарност го примаме она што ни го носи.“
„Бог не ни испраќа очај за да не убие туку за во нас да пробуди нов живот.“
„И најнесреќниот живот има свои сончеви часови, и под песокта и камењата, свои ситни цветчиња на среќа.“
„Никогаш не сум живеел без вера и не би можел ниту ден без неа, но целиот свој живот можев без црква.“
„Самотијата е пат со којшто судбината сака човекот да го одведе кон самиот себе.“
„Нема друга реалност освен онаа која е содржана во нас. Затоа толку многу луѓе живеат нереален живот. Тие гo прифаќаат она што го гледаат надвор од нив како реалност и никогаш не му дозволуваат на светот во нив да излезе на површина.“
Мора да сте логирани да напишете коментар.