На денешен ден 1956 година во Стретфорд, Англија, роден е Ian Curtis, вокалист и текстописец на Joy Division.
"Поетска, осетлива, мачна душа, таков беше Ian Curtis" во едно интервју Peter Hook, оснивач и басист на Joy Division во сеќавање го опишува Ian Curtis.
"Во тоа време мислев дека е сјајно момче, но тој беше и сјајен фронтмен".
Манчестер, почетокот на 1980 година, британскиот Пост-панк бенд Joy Division веќе спремен за превземање на своите следни чекори во кариерата која ветува. На чело со Ian Curtis, познат по својот бас-баритон глас, и текстови полни со пустош, празнина и отуѓеност.
Музички инспириран од David Bowie, Kraftwerk, Sex Pistols, Jim Morrison, Iggy Pop, Lou Reed, поетски и текстуално од Dostoevsky, Nietzsche, Sartre, Kafka, Hesse, T. S. Eliot, Curtis сета своја инспирација ја внел во сите сегменти на своите текстови, песни, концерти.
"Ian Curtis и Joy Division се приказна која никогаш нема да исчезне, која живее и ден денес, меѓу многуте фанови, но и новите генерации кои идат." вели Jon Savegе, човекот кој медиумски ги покривал скоро сите настапи на бендот од оснивањето до распадот.
"Работеа многу напорно. Тие всушност во период од една година направија материјал за три албума. Такво нешто може да дојде како последица од големо возбудување, ентузијазам, возвишување. Ти си млад човек, во бенд којшто надоаѓа, који нуди нешто сосема ново".
За да се разбере звукот на Joy Divison и текстовите на Curtis, во предвид мора да се земат и условите во кои израснале и живееле самите членови.
"Манчестер, време на кризи, класни разлики, лош стандард, штрајкови, фабрики во кои немало ништо добро освен експлоатација и понижување. И во такви услови немаш многу шанси за прогрес во светот, и за текстови полни со светлина, навистина" изјавува Bernard Sumner, гитаристот и оснивач на Joy Division во едно од неговите интервјуа.
Curtis кој пател од епилепсија и депресија, трагично го завршил својот живот на 23 годишна возраст, неколку дена пред почеток на закажаната турнеј на бендот низ Северна Америка, и пред да биде објавен нивниот втор студиски албум "Closer". По неговата смрт, останатите членови го формираат бендот New Order.
На гробот на Ian Curtis, по желба на неговата сопруга Дебора како епитаф стои насловот на песната "Love Will Tear Us Apart".
И покрај своето кратко траење, Joy Division имале големо влијание на плеада музичари во идните години, како прв бенд во Пост-панк покретот кој не нагласувал лутина и бес, туку расположение и изразување које ќе придонесе за подемот на меланхоличната Алтернативна сцена во 80тите години на минатиот век.
Музиката на Joy Division, текстовите на Ian Curtis, биле директна инспирација на бендовите U2, The Cure, Radiohead, Nine Inch Nails и многу останати.
Во чест на Ian Curtis, ви го претсавуваме нашиот избор од 10 најдобри песни на Joy Division.
10. Isolation
Album: Closer [1980]
https://www.youtube.com/watch?v=-bkcPS3GHQY
09. Day Of The Lords
Album: Unknown Pleasures [1979]
https://www.youtube.com/watch?v=crCMKjeM3YQ
08. Wilderness
Album: Unknown Pleasures [1979]
https://www.youtube.com/watch?v=tZhKV32Vf7U
07. A Means To An End
Album: Closer [1980]
https://www.youtube.com/watch?v=6oMFMRv5c3o
06. New Dawn Fades
Album: Unknown Pleasures [1979]
https://www.youtube.com/watch?v=CbeNRHtpgOk
05. Twenty Four Hours
Album: Closer [1980]
https://www.youtube.com/watch?v=VnM9X0IgUmg
04. Shadowplay
Album: Unknown Pleasures [1979]
https://www.youtube.com/watch?v=L1cHSoARzS0
03. Disorder
Album: Unknown Pleasures [1979]
https://www.youtube.com/watch?v=fhCLalLXHP4
02. She's Lost Control
Album: Unknown Pleasures [1979]
https://www.youtube.com/watch?v=7PtvIr2oiaE
01. Love Will Tear Us Apart
Single: Love Will Tear Us Apart [1980]
Мора да сте логирани да напишете коментар.