Имунитетот е ИМПЕРАТИВ

  1. Додека ја чекаме вакцината против ковид -19, императив ни е да се обидеме да го зајакниме одбранбениот систем на организмот. Еден од најефикасните начини е да го направиме тоа преку исхраната. Затоа за вас ги собравме советите на експертите, кои се темелат врз најновите научни истражувања.

Науката за исхраната се развива со неверојатна брзина, а јасно е и значењето што го има кога станува збор за здравјето. На исхраната веќе не се гледа само како на одредено количество енергија изразено во калории. Секое залче храна има потенцијал да го смени начинот на кој се манифестираат нашите гени. На пример, ако пиеме зелен чај или јадеме брокули, го регулираме ензимот глутатион-трансфераза, а тој ја потпомага функцијата на гените што го чистат организмот од тешки метали и други метаболични ортови. Освен што влијае на гените, храната дејствува и врз хормоните. Поголемо количество скроб и шеќер во исхраната го подига нивото на инсулинот во крвта, а кај жените може да придонесе за појава на полицистични јајници, синдром што го карактеризираат покачено ниво на тестостерон и изменето ниво на естроген во крвта. Храната влијае и на хемијата во мозокот  - на хормоните што го регулираат механизмот глад-ситост, како и на желбата за одредени намирници, вкусови,текстури. И, се разбира, дејствува и на имунитетот- така што од една страна го регулира нашиот микробиом, а од друга страна може да предизвика воспалителни процеси или, пак, да дејствуува противвоспалително.

ИЗБЕГНУВАЈТЕ ВИСОКОПРОЦЕСИРАНА ХРАНА

Факт е дека никому не му паднало на памет во храната што ја приготвува дома да додава адитиви, хормони, антибиотици, пестициди... Нашата исхрана треба да се темели нанепреработени или минимално преработени намирници, а кога купувате индустриски производи, задолжително проверете го списокот на состојките што ги содржат.

ЈАДЕТЕ ХРАНА ОД РАСТИТЕЛНО ПОТЕКЛО

Основата на нашата исхрана би требало да ја сочинуваат зеленчук, јаткасти плодови и семки, мешунки и житарки (во зрно, не во брашно!) и, се разбира, овошје. Намирниците од животинско потекло треба да бидат додаток во исхраната, а не нејзина основа.

ВАЖНИ СЕ ВИТАМИНИТЕ И ФИТОНУТРИТИЕНТИТЕ

Шампињоните, лукот, сокот од калинка, брокулите и портокалите спаѓаат во намирници што помагаат во градењето  на имунитетот. Печурките се важни бидејќи содржат биоактивни материи, вклучувајќи ги и бетаглуканите, диетските влакна што го стимулираат одбрамбениот систем. Лукот поттикнува лачење на моќни одбранбени соединенија- апигенин. Сокот од калинка е богат со корисната бактерија Akkermansia, чие присуство во микробиомот претставува позитивен предзнак при лекување канцер. Брокулите и портокалите се значајни поради високите нивоа витамин Ц.

СПИСОК НА КОРИСНИ СУПЛЕМЕНТИ 

Витамин Ц,

Цинк-цитрат,

Пробиотици,

Рибино масло,

Бетаглукан, 

Екстракти од печурки (реиши, шитаки, маитаки, кордицепс)

Вреди да се пробаат: кверцетин, ресвератрол, куркумин, рузмарин азиски женшен алфа-липоинска киселина, металонин, Н-ацетилцистеин.

 

Нашето тело е како храм, ако добро го негуваме, тоа со добро ќе ни врати! Соодветно на тоа, доброто здравје е знак на нега која се постигнува со секодневна грижа, посветеност и свесност за себе. За здрав и отпорен организам, неопходно е нашето тело да има силен имунитет! Со цел нашиот организам да работи совршено мора да внимаваме на сите негови органи и функции. При тоа, зајакнувањето на имунитетот треба да биде императив и важен детал за здравјето на секој од нас!!!

 

 

Уживате во овој напис? Останете информирани претплатете се на нашиот е-весник!

Коментари

Мора да сте логирани да напишете коментар.

За авторот