Ингмар Бергман, еден од најголемите режисери на сите времиња. Писател, продуцент кој работел на филм, телевизија, театар и радио. Режисирал преку 60 филмови, документарни филмови, преку 170 претстави во кои повеќето бил и сценарист.
Во текот на својата режисерска кариера створил креативно партнерство со кинематографите Gunnar Fischer и Sven Nykvist, како и со актерките и актерите Harriet и Bibi Andersson, Liv Ullmann, Gunnar Björnstrand, Max von Sydow. Erland Josephson, Ingrid Thulin.
Неговата работа била директна инспирација за подоцна многумина светски големи режисери како Woody Allen, Francis Ford Coppola, David Fincher, Martin Scorsese, David Lynch и други.
Ви ги преставуваме 8 од неговите најдобри филмови, према многумина филмски критичари, фанови, познавачи на ликот и делото на големиот режисер.
08. Зимска светлина (Шведски: Nattvardsgästerna), 1963
Режија и сценарио: Ingmar Bergman
Главни улоги: Gunnar Bjorstrand, Ingrid Thulin, Gunnel Lindblom, Max von Sydow
Второ од трилогијата на Бергман на камерни драми (заедно со "Низ стакло, потемно" и "Тишината")
„Зимска светлина“ е едно од најмрачните испитувања на режисерот за отсуството на Бога во човештвото. Gunnar Bjorstrand е во улога на еден млад свештеник кој ја изгубил страста за ширење на евангелието. Претставува брутално необично испитување на нашата борба да живееме во немил свет.
07. Насмевки во летната ноќ (шведски: Sommarnattens leende), 1955
Режија и сценарио: Ingmar Bergman
Главни улоги: Ulla Jacobsson, Eva Dahlbeck, Harriet Andersson, Margit Carlqvist, Gunnar Bjornstrand, Bibi Andersson
Најголемото од малкуте комедии на Бергман, „Насмевки на летна ноќ“ претставува и меѓународен пробив на режисерот, уметнички хит кој го трасираше во светски познат талент.
06. Есенска соната (шведски: Höstsonaten), 1978
Режија и сценарио: Ingmar Bergman
Главни улоги: Ingrid Bergman, Liv Ullmann, Lena Nyman, Halvar Bjork, Gunnar Bjornstrand, Linn Ullmann
Последна улога на холивудската легенда Ингрид Бергман, која во фамилијарната драма „Есенска соната“ ја толкува улогата на Charlotte Andergast, призната и позната пијанистка, чија ќерка после поминати седум години далеку од нејзе и без контакт, се враќа носејќи ја со себе и својата парализирана сестра, која како мала била напуштена од нивната мајка.
Филмот заработил 2 номинации за оскар: Ингрид за главна улога, Ингмар за сценарио.
Добитник е на Златен глобус за најдобар странски филм.
05. Низ стакло, потемно (шведски: Såsom i en spegel), 1961
Режија и сценарио: Ingmar Bergman
Главни улоги:Harriet Andersson, Gunnar Bjorstrand, Max von Sydow, Lars Passgard.
Снимен со само четири актери на островот Фаро, во главен фокус се наоѓаат млада жена, која закрепнува од нервен слом заедно со својот татко-Психијатар, сопругот и помладиот брат. Кога дознава дека нејзиниот татко ја искористува нејзината ситуација за своите истражувачки работи, сосема се оддалечува од реалноста, а кулминацијата ја доживува со својата визија за Бога како џиновски пајак.
04. Диви јагоди (шведски: Smultronstället), 1957
Режија и сценарио: Ingmar Bergman
Главни улоги: Victor Sjostrom, Bibi Andersson, Ingrid Thulin, Gunnar Bjornstrand
Со филмот „Диви јагоди“, заедно со „Седмиот печат“, двата објавени во 1957 година, Бергман влегува и е признаен во светот на големите режисери.
Двата филма истражуваат теми како што се божјата тишина, неизбежната смрт и смислата на животот.
03. Персона (шведски: Persona), 1966
Режија и сценарио: Ingmar Bergman
Главни улоги: Bibi Andersson, Liv Ullmann, Margaretha Krook, Gunnar Bjornstrand
Персона претставува најекспериментално дело на режисерот. Liv Ullmann е во улога на актерка која престанува да зборува во текот на една своја претстава, и се одлучува на молк, шокирана од светските стравотии. Млада медицинска сестра (Bibi Andersson) добива задача да се грижи за нејзе во една оддалечена островска куќа.
02. Крикови и шепотења (шведски: Viskningar och rop), 1972
Режија и сценарио: Ingmar Bergman
Главни улоги: Harriet Andersson, Kari Sylwan, Ingrid Thulin, Liv Ullmann
Повеќе од било кој друг филм на Бергман, „Крикови и шепотења“ гледачите ги присилува на соочување со неподнослив мрак, пред да настапи светлина.
Жена (Harriet Andersson), во терминална фаза на својата болест, со своите две не така блиски сестри и медицинската сестра, низ секвенци од сништата и сеќавањата, се вдлабочуваат во болното минато које го уништило семејството и врските меѓу нив.
Филмот добил оскар за најдобра кинематографија, а бил номиниран и за најдобар филм, како и за најдобро сценарио и режија.
01. Седмиот печат (шведски: Det sjunde inseglet), 1957
Режија и сценарио: Ingmar Bergman
Главни улоги: Max von Sydow, Inga Landgre, Gunnar Bjornstrand, Nils Poppe, Bibi Andersson
„Седмиот печат“ кој претставува најдобро и најголемо остварување на Бергман, ја опишува приказната за средновековен витез Антониус Блок (Max von Sydow) кој откако повеќе години учествувал во крстоносните војни, заедно со својот копјеносец (Gunnar Bjornstrand) се враќаат во Шведска, која е зафатена од епидемија на чума во која илјадници животи немилосрдно страдаат. На морскиот брег ја сретнува Смртта (Bengt Ekerot) која му соопштува дека смртта дошла по него. Тогаш Антониус и предлага на смртта да одиграат една партија шах и со условите: Ако победи Смртта, таа да ги погуби Антониус и сите негови блиски, а ако победи, неговиот живот да биде поштеден. Додека патува кон своето место, поминуваат низ разни ситуации, согледувајќи ги стравотните последици од епидемијата, но и верското лудило.
Низ филмот Бергман користи мрачни, ужасни слики за да ја искаже својата приказна за нашата потрага за избегнување на неизбежното.
Мора да сте логирани да напишете коментар.