ИСТОРИЈАТА КОЈА ЛЕЖИ ВО ШИШЕНЦЕТО - лак за нокти

Сите сме фасцинирани од историјата како наука која ни открива многу настани и се што се случувало во минатото. Без разлика дали се работи за диносаоруси, приамиди или војни  барем од мој аспект е многу интересно и поучно. Но во оваа статија од историски аспект денес ке ги раскажам за еден незаменлив продукт, мало шишенце кое секоја жена го има во својот несесер за убавина како и секоја  жена во козметички салон а тоа величенствениот ЛАК ЗА НОКТИ. 

Изум откриен пред околу 5.000 години или 3.000 години пред новата ера. Период во кој биле користени различни природни продукти како: белки од јајце, пчелин восок, арапска гума, природна боја и желатин. Бил присутен во црвена и розева боја која се користи и денес. Листовите од орхидеја и ружа се користеле како сонова за добивање на боја. Додека модерниот лак денес се суши за неполни 2.5 мин, лакот во минатото се сушел и по неколку часа. Многу често жените легнувале да спијат со пресно налакирани нокти за наредниот ден да биде целосно сув. За време на постоењето на династијата Zhou  жените имале боја на нокти според нивниот социјален статус. Според тоа жените од кралската фамилија имале сребрен и златен лак за нокти додека жените со понизок статус имале дозвола да нанесуваат лак со посветли бои. Последиците од нанесувањето на погрешен лак за нокти или ставање на златен или сребрен се казнувало со смрт. Подоцна во династијата Ming кралскиот лак за нокти преминал во црвена и црна боја притоа украсувајќи ги ноктите со скапоцени камења. Иако Кинезите биле пионери во откривање на лакот за нокти оваа мода постоела и во Египет. 

 Египетските жени (а и мажи) ги лакирале ноктите од 3.000те години пред новата ера. Нивните методи се разликувале од Кинезите по тоа што ги лакирале само врвовите додека пак по бојата се разликувале во тоа што жените Египјанки се лакирале со кна и крв, а Кинеските жени со природни бои. Славната и убава Нефертити и нејзината кралска послуга користеле кна но и крв за украсување на ноктите но познато е дека користеле и многу црвени бобичести растенија. Сепак како и во Кина така и во Египет кралската црвена боја била резервирана само кралската фамилија. 

Клеопатра, последниот фараон во Стар Египет го продолжила овој тренд но користела многу силни нијанси на црвена боја, односно бои направени само за кралската фамилија. Но црвената боја денес останала една од најупотребувани бои за нокти. 

 Во 30тите години на 19тиот век црвената боја на кратко се повлекува и на сила доаѓаат нокти со природен изглед и убаво исполирани. Лакот за нокти кој денес го користиме е всушност модификација на боја за автомобили. Во 1920 год. француската шминкерка Mishel Manard се здоби со брилијантна идеја оваа боја да ја користи за нокти. Се поиграла со експериментот и се додека не се осигурала дека е сигурна и задоволна не кажала никому. Добила сигурна формула... работела во компанијата Carls Revson и за среќа работодавачот на кој го преставила овој изум видел златна шанса. Сопствениците  Carls - Joseph Revson во здружување со Charles Lachman  ја искористиле идеалната идеја и создале безбоен лак за нокти чија база била направена од пигменти а не од боја. Во 1932 година компанијата го променува името во Revlon денес светски позната компанија за козметика и широк асортиман на производи а воедно и првата компанија која го произведува и модерниот лак за нокти. 

После откривањето и производството на лакот за нокти било очигледно и кристално јасно дека се отвора нова ера за стилизирање на ноктите. Прв модерен стил на маникир бил moon кој денес сеуште се смета за најелегантен стил на ноктите. Појавата на бојата во весниците и телевизорите била од експлозивно значење големите компании да ги престават своите производи како лакот за нокти. Така и било актерките, водителките и славните личности секојдневно биле на мета од папараците за тоа каква боја на ноктите носат и дали истата оди во склоп со облеката. 

 Во 50тите години на 20от век доминирала црвената боја на лакот за нокти. Во 60тите фокусот е впрен во пастелните природни нијанси. 70тите и 80тите на сцена доаѓаат пастелните нијанси и неонските бои за кои била заслужна модната икона Мадона. Во 90тите години доаѓа на сцена бојата на крвта, инспирирана од египетската кралица Нефртити и денес оваа боја е најбарана поради нијансите на црвена и црна. 

Во моментот кога жените се ослободиле од корсетите слободата станала главен систем на вредноста и однесувањето што се пренесувало во сите сфери на социјалниот и друштвениот живот. 

Уживате во овој напис? Останете информирани претплатете се на нашиот е-весник!

Коментари

Мора да сте логирани да напишете коментар.

За авторот