Истражување: Постои поголема можност да се заразите со корона во својот дом, отколку надвор од него

Почетокот на 2020-та година на светот му донесе нов предизвик, односно новиот коронавирус кој прво се појави во Кина, а потоа се прошири во целиот свет.

Пандемијата во нашата држава владее од март месец кога беше и прогласена вонредна состојба, полициски час и карантин.

Бројот на заболени лица се уште расте, расте и бројот на починати, а се претпоставува дека до крајот на година ќе има и вакцина.

Некои од мерките за да се заштитите од корона се: да држите дистанца од 2 метри, да носите маски, да ги миете рацете, да не се поздравувате...

Меѓутоа, јужнокорејските епидемиолози утврдиле дека поголема е можност да се заразите во својот дом отколку во контакт со луѓето надвор од домот.

Студијата, чии резултати беа објавени од страна на Американскиот центар за контрола и превенција на болести (ЦДЦ), ги проучуваше првите заразени пациенти, 5.706 од нив, како и нивните повеќе од 59,000 контакти.

Истражувањата покажале дека само двајца од 100 заразени го добиле вирусот надвор од својот дом.

Секој десети се заразил од член на семејството. Кога првиот заразен член на семејството бил тинејџер или личност на 60 или 70 години, стапката на ширење на инфекцијата била поголема, утврдиле научниците.

„Ова е веројатно така затоа што постои поголема можност луѓето кои припаѓаат на овие возрасни групи да бидат во поблизок контакт со членовите на семејството затоа што тие се луѓе на кои им е потребна поголема заштита или поддршка“, изјави Јонг Јун-Кијонг, директор на Корејскиот контролен центар и превенција на болести и еден од авторите на студијата.

Најмала е можноста првозаразен да е дете од 9 години, вели доктор Чо Јанг – Џун, професор на медицинскиот факултет на Универзитетот Халим.

Голема била и можноста децата заразени со Ковид 19 да се асимптоматични, па тоа им го отежнало истражувањето.

Податоците за истражување се собирани од 20 јануари до 27 март кога пандемијата со корона вурусот го достигна својот врв во Јужна Кореја.

Од друга страна, научниците во Кина и САД изјавија дека нивното откритие може да влијае на намалување на бројот на заболени.

Користејќи податоци од 300 заболени од Ковид 19 и нивните 20 000 контакти во Гуангжу во Кина, научниците процениле колку е стапката на веројатност една заразена личност да го пренесе вирусот.

Според нивниот модел кои се заснова на податоците во јануари и февруари, најголема можност за заразување во ист простор со заразена личност била меѓу луѓето од 60 години, а најмала меѓу луѓето од 20 години.

Научниците откриле дека голема е веројатноста една личност која го има вирусот во себе да ги зарази членовите на семејството или цимерот и тоа пред да се појават симптомите.

Тоа покажува дека вирусот брзо се шири и може да го пренесат и луѓе кои немаат симптоми.

Научниот тим соопшти дека изолацијата во просторот  го намали вкупниот број случаи на КОВИД-19 од 20 до 50 проценти.

Пред воведувањето на карантин, во многу европски земји беше соопштено дека дома треба да останат луѓето кои се заразни со корона односно кои ги имаат симптомите за вирусот.

Вирџинија Пицер од Училиштето за јавно здравје изјави дека главна разлика меѓу корона и другите вируси е тоа што Ковид 19 се пренесува во инкубација, односно додека ги немате симптомите.

Во Република Македонија од март до денес (21.07.2020) вкупно се заразиле 9412 лица, од кои 4940 се излекувани, 432 се смртни случаи и актвни случаи има 4040.

Уживате во овој напис? Останете информирани претплатете се на нашиот е-весник!

Коментари

Мора да сте логирани да напишете коментар.

За авторот