„Јас не се плашам од луѓето, туку од она нечовечкото во нив.“, 15 цитати од Иво Андриќ

 

На денешен ден во 1975 година почина Иво Андриќ, југословенски писател, Доктор на науки, дипломат и добитник на Нобеловата награда за литература во 1961 година. Роден е на 9 октомври 1892 година. Во неговите теми најчесто проткаени се мотивите поврзани со неговата родена Босна за време на владеењето на Отоманското царство.
Историјата, фолклорот и културата на Босна и Херцеговина биле најчесто опишувани низ неговите дела.

 

Негови најпознати дела се „Мостот на Дрина“, „Проклета авлија“ и Травничка хроника“, а како други битни дела би ги наброиле и „Ex Ponto“, „Немири“, „Омерпаша латас“.

 

Издвоивме 15 цитати од творештвото на големиот писател

 

 

„Доаѓаат времиња кога паметниот ќе замолчи, будалата ќе проговори, а ку*вата ќе се обогати.“

 

„Мирот и спокојот, се единственото богатство и најголемо достоинство за скромните и без временски луѓе.“

 

„Од своето потекло и детство не може лесно да се побегне.“

 

„Луѓето кои не работат и не преземаат ништо во животот, лесно го губат трпението и погрешно судат за туѓиот труд.“

 

„Во некои луѓе има толку непотребна омраза и завист, кои се многу поголеми и посилни од сѐ што другите луѓе можат да измислат и створат.“

 

„Во животот се плашевме од толку многу нешта. А не требаше. Требаше да живееме.“

 

„Ништо не ги поврзува луѓето повеќе од заеднички среќно преживеана несреќа.“

 

„Секој вистински живот е убав и тежок.“

 

„Тоа што не боли не е живот, тоа што не поминува не е среќа.“

 

„Во внатрешните борби што човекот ги води со себе и со непознатите сили во себе, повеќе од каде било важи правилото: никогаш не предавај се.“

 

„Во ѕвезденото небо и во човековото срце никогаш човек нема да може да се изнагледа.“

 

„Од страв луѓето се злобни, подли и сурови, но од страв тие може да бидат и дарежливи, па дури и добри.“

 

„Животот без радост, движење и новости не е живот, туку само голо постоење, робување на животот.“

 

„Најголема будала не е оној кој не знае да чита, туку оној кој мисли дека сѐ што ќе прочита е вистина.“

 

„Многумина го постигнуваат она што го сакаат, а при тоа се губат себе.“

 

Уживате во овој напис? Останете информирани претплатете се на нашиот е-весник!

Коментари

Мора да сте логирани да напишете коментар.

За авторот

Низ мојата омилена парола "Without ART, Earth is just just EH", во прв план и како за мене битни секогаш ги ставам музиката, филмот и уметноста општо. Понекогаш и некоја добра книга, и фудбал секако. Обожавам квизови и енциклопедии, а батериите највеќе ми ги полнат звуците на природата, далеку од метежот и гужвите.