Кафето е пијалак приготвен од печени зрна-семки, од растението кафе. Кофеинот претставува еден од главните извори на човековиот психостимуланс, а према многубројни експерти од медицината, може да предизвика и вистинска зависност. Во слободно време, на пауза или за време на работните часеви, често ни претствува вистинско задоволство и уживање, а многумина својот ден не можат да го замислат и почнат без шоља кафе.
Во продолжение прочитајте неколку интересни факти во врска со овој прекрасен, но и во одредена мерка здрав напиток.
- Зборот кафе потекнува од арапскиот збор,,kawah" што значи јачина или снага.
- Првиот кафиќ на светот отворен е во 1475 година во Цариград (денешен Истанбул)
- Првата фабрика за производство на кафе на Балканот настанала во Загреб (Franck) - 1892. година
- Јохан Себастиан Бах компонирал кантата под име ,,кафе" во чест на овој напиток.
- Најголеми зрна на кафе пронајдени се во Никарагва.
- Годишно во светот се пијат 400 билиони шољи кафе.
- Една од најпознатите легенди за настанокот на кафето е приказната за етиопскиот пастир Калдиј, кој една прилика приметил дека неговите кози после јадењето на црвените семки од грмушките, изгледале и се понашале по живо од пред тоа.
- Во 1675 година англискиот крал Чарлс втори низ сите биртии забранил служење на кафе, од причина што мислел дека додека на своите состаноци луѓето го пиеле тој напиток, истовремено се бавеле и со ковање на заговор против него.
- Кафето е втората најпродавана роба во светот. На првото место се наоѓа нафтата.
- За да се предозирате со кафе, потребно е да испиете преку 100 шољи.
- Девет шољи на ден е горната граница која може да се испие, а да не предизвика некои поголеми последици.
- Кафето после водата, е најконзумиран напиток.
- Кафе билката може да живее помеѓу 60 и 70 години.
- Првата реклама за кафе се појавила во 1651 година, во Лондон.
- Со над 40% од светското производство, најголем производител на кафе во светот е Бразил. После Бразил следат Колумбија и Виетнам.
- Две најпознати врсти на кафе се арабика и робуста.
- Хаваите се единствената американска држава во која се одгледува кафето.
- Во 2001 година Бразил издал поштенска марка со мирис на кафе.
- Еспресо кафето без сеќер не содржи ниедна калорија.
- Во Јапонија постои спа центар со базени во кој можете да се бањате во овој напиток.
- Сето светско производство на кафето доаѓа од еден голем географски појас под име „Појас на кафето“.
- Во Њу Јорк се пие 7 пати повеќе кафе одколку во било кој друг град во Соединетите Американски Држави.
- Кафето е всушност овошје.
- Најскапата кафа на светот кошта нешто повеќе од 1.300 $ по килограм. Се работи за кафе добиено од изметот на цибетки, дивите мачки од островот Суматра.
- Кафето останува топло подолго време ако во него додадете млеко.
- Најголема шоља кафе била сварена во Јужна Кореја во 2014 година, и изнесувала 14.000 литри.
Мора да сте логирани да напишете коментар.