Платата не е и не треба да биде единствената бројка со која треба да се заморувате. Имајте ги на ум следниве бројки ако сакате незавидно работно портфолио, сигурно покачување и статус на неповторлив вработен !!!
2 РЕЧЕНИЦИ СЕ ПРЕСУДНИ ЗА ДА ВЕ ВРАБОТАТ !
Како го подготвувате вашето CV? Оставете не да погодиме, наоѓате шаблон од интернет и ги пополнувате информациите, генералиите ги оставате на англиски. Микс од кирилица и латиница, колку е лесно да се одлучи дека вас нема да ве вработат.
Нема помоќно CV од она што започнува со излагање за вашите способности и ентузијазам. Stephanie Lawless, годишно прегледува околу 60.000 апликации за вработување и таа вели дека треба да се обидете да се продадете себе си со 40 збора. "Спомнете ги вашите најрелевантни способности за работа, споредните способности и мотивот да успеете".
3 ПРАШАЊА ШТО ТРЕБА ДА ГИ ПОСТАВИТЕ НА СОСТАНОК
Jenny Garret е автор на книгата Rocking Your Role и таа вели дека вистинските прашања ќе ве доведат на вистинската позиција и посакувана плата. Таа ги посочува овие три:
- Како можам да помогнам за да го реализираме тој проект ?
- Кои се нашите најслаби и непрофитни точки во моментов ?
- Каде се стремиме да бидеме ова време следната година ?
Што покажавте со ова ? Дека сте професионални, дека сте расположени за општ напредок, а не само за личниот. Браво за вас !!!
4 ФАКТИ ШТО ТРЕБА ДА ГИ ЗНАЕТЕ ЗА ШЕФОТ
За кога случајно ќе се сретнете во лифт или ќе зависите од неговото друштво на некоја деловна вечера или коктел, да не мора да зборувате исклучиво за времето. Информациите што би биле од помош се:
-неговата омилена телевизиска серија или шоу,
-омилената туристичка дестинација,
-децата и семејството,
-неговото хоби.
Во основа сето она што може да го поврзе вашиот живот со неговиот, вели Siobhan Hamilton - Philips, сениор психолог за кариера. Ако заглавите, секогаш можете да го прашате за неговата кариера и како дошол до местото на кое е денес. Не постои човек што не би се почуствувал почестено да зборува за својот успех.
6 МЕСЕЦИ ПРЕД ДА ПОБАРАТЕ ПОКАЧУВАЊЕ
Основен предуслов за да го прифатите вработувањето треба да биде подготвеноста на претпоставените да ги дискутираат вашите примања на секои 6 месеци. Пропорционално со вашиот успех треба да расте и вашата плата, но колку правилово важи и кај нас?
Не заборавајте дека во фазата на вработување и вие имате подеднакво моќ колку и оние од другата страна. Не бидете случај кој само клима со главата, прифаќа се што ќе му се каже без да постави прашање. Ако си имате работа со вистонски професионалци, тогаш предлогот за состанок на секои 6 месеци треба да биде сфатен како подготвеност да успеете.
7 МИНУТИ ЗА ДА ОСТВАРИТЕ НОВ КОНТАКТ
Деловната комуникација е како прв состанок - оставете ги луѓето да копнеат за уште. Не дозволувајте разговорот да пресуши, па да се најдете во онаа чудна ситуација на тишина која ќе ве мотивира исклучиво на бегство.
За да не се заплеткате, не започнувајте тешки теми и филозофии, држете се до правилото 7 минути за да стасате да се видите со сите партнери и соработници, познати и непознати. Искористете ја приликата да ги запознавате луѓето меѓу себе, оние што имаат слични теми на интерес. Тоа ќе ја подобри вашата професионална карма, советуваат експертите.
Мора да сте логирани да напишете коментар.