Како да се заштитите од лоши зборови

Патриша Еванс, автор на книгата "Вербална агресија: како да се препознае и победи", вели дека компјутерската томографија на мозокот на оној кој слуша навреди и на оној кој штотуку го удриле по главата, изгледа исто.

Вербалната агресија, покрај тоа што ја уништува самодовербата, таа го уништува и вниманието на човекот - тој станува расеан. Покрај лошите зборови, во вербална агресија се вбројуваат и многу други однесувања на луѓето кон нас, и тоа:

  • Обезвреднувањето
  • Одбивањето или молчењето
  • Обвинувањата
  • Осудите и коментарите 
  • Хумористичните навреди

За да се заштитите од сите тие негативни однесувања и да се спасите себе си од ударите кои можат да ви ја срушат самодовербата, најпрво треба да се Слушнете себе си. Како? Ако спаѓате во онаа категорија на луѓе за кои другите одлучуваат што е нај добро за вас, или пак често ви велат "Вие сте таков човек и затоа тоа е најдобро за тебе", тогаш најверојатно сте изложени на вербална агресија и време е да почните да верувате на вашите чувства и да се потпрете на нив. Никој освен вас не може да знае повеќе и да одлучи што е нај добро за вас. 

Второ што треба да направите е да престанете да се обвинувате себеси поради некој кој врши вербална агресија врз вас. Тоа е негов психолошки проблем.

Третиот чекор е да соберете храброст и да се спротивставете. Наместо да се оправдувате или објаснувате, започнете со ставање граница, на пример "Не сакам да го слушам тоа".

Четвртиот чекор е да најдете некој за подршка, со кого ќе можете да разговарате за она што ја бранува вашата душа.

И последниот, и најважен чекор, е да не се обидувате да го промените агресорот, затоа што човек може да се промени на подобро само доколку тој самиот сака.

Отворете ги очите и видите добро дали околу вас има некој АГРЕСОР. Доколку го забележите тоа веднаш применете ги овие чекори за да се заштитите себе си од сериозен удар на психата.

Уживате во овој напис? Останете информирани претплатете се на нашиот е-весник!

Коментари

Мора да сте логирани да напишете коментар.

За авторот