Како делува алкохолот врз нашиот организам

Алкохолот е тема за која може многу да се зборува па да почнеме. Алкохолот уште во дамнешни времиња не бил дозволен за лица помлади од 30 години, но како што одминува времето таа граница се повеќе се спушта па денес за жал можат да се видат млади лица под дејство на алкохол. Зависноста од алкохол може да биде фатална за нашето здравје. Во најголем број случаи од него страда црниот дроб, желудникот, мозокот, а последиците можат да бидат трајни.

Луѓето посегнуваат по алкохол од различни причини некои да се расположат, друѓи да заборават. Но зошто е тоа така? Алкохолот како супстанца делува на мозокот и тоа на оној дел што е поврзан со нашето памтење поточно кажано тој дел се потопува со алкохол и оној што често го конзумира тоа го прави бидејќи мора односно ние сме нешто што сакаме да бидеме,а не сме.

Научно е докажано дека алкохолот се разградува поспоро отколку што се апсорбира и нашиот организам може да обработи одредена количина на пример за еден час се обработува една чаша. Исто така може да доведе полека но сигурно до пропаѓање на лицето кое го конзумира бидејќи конзумирањето поголеми количини довело до оштетување на мозочните ќелии па под дејство на алкохол стануваат агресивни.

Што се случува кога млад човек ќе посегне по алкохол?

Има случаи кога дете од 10,11,12 години прв пат се сретнува со алкохолот што воопшто не е добро за еден млад организам кој сеуште се развива. Децата на таа возраст посебно машките мислат дека на тој начин побрзо ќе станат мажи во вистинска смисла. Колку порано ќе се проба толку е поголема веројатноста да стани негов зависник.За жал мал е бројот на млади кои не пробале алкохол.Оваа состојба е подобрена откако се воведе забрана за продавање алкохол на лица помлади од 18 години, но тој што сака да проба сигурно ќе најде начин да дојди до него.

Дали алкохолот е дрога?

Дрога е секоја природна или синтетичка материја која привремено делува на мозокот и однесувањето. Без разлика дали се прави од природен продукт како сливи, грозје и слично светските научници го сместуваат како дрога. Тие опоменуваат за можните последици но секој е одговорен за себе. Значи со друѓи зборови алкохолот е легална дрога. 

Откако ги наведовме штетните последици од алкохолот да преминеме на совети за негово одвикнување.

ПОСТАВЕТЕ ЦЕЛ - Доколку сеуште не сте донеле одлука да се откажете сторете го тоа сега пред да биде касно. Но бидете цврсти во одлуката НЕ СМЕЕТЕ да попуштите. Следен чекор е одредување граница односно дали ќе се откажете веднаш или постепено зависи од вас.

ФРЛЕТЕ ГИ ШИШИЊАТА - што помалку сте опкружени со него пмалку ќе конзумирата, затоа фрлете се што содржи алкохол.

ПРОМЕНЕТЕ ГО ДРУШТВОТО- факт е дека доколку сте опкружени со луѓе кои имаат ист интерес поголема е веројатноста повторно да пробате.Затоа променете го кругот на пријатели со слични интереси.

НАЈДЕТЕ ЗАМЕНА - за почеток ќе ви треба нешто што содржи алкохол но во помали количини.

НАГРАДЕТЕ СЕ САМИ - наградете се за секој напредок што ќе го постигнте, на тој начин ќе се мотивирате.

ПОБАРАЈТЕ ПОМОШ - не е срамота да побарате помош. Со самото тоа што ќе се одлучите за помош ВИЕ сте чекор напред и поблиску до решавање на проблемот. Денес постојат центри кои се занимаваат со оваа проблематика. Само напред!

Уживате во овој напис? Останете информирани претплатете се на нашиот е-весник!

Коментари

Мора да сте логирани да напишете коментар.

За авторот