Како е пронајдено кафето?

 

Постои легенда дека, можеби пред илјада години, некој Етиопјанин го привлекол пријатен мирис од една запалена дива грмушка. Скинал и сожвакал неколку зрнца: нивниот вкус толку му се допаднал, што од нив сварил пијалак - и така го открил „црното кафе“!

 

Знаеме дека Етиопјаните, во источна Африка први го пиеле кафето. До XV век тоа било единственото место на светот каде што растело кафето, а оттаму е пренесено во Арабија.
Потоа, во тек на 200 години, светот се снабдевал со кафе од Јемен, Јужна Арабија.

 

Во XVII век Холанѓаните почнале да одгледуваат кафе на островот Јава, а тоа растение го пренеле и во неколку други тропски земји. Англичаните го засадиле на островот Јамајка, а оттаму е пренесено во Средна и Јужна Америка. Наскоро кафето станало омилен пијалак во Европа и Северна и Јужна Америка.

Кафето успева скоро во сите тропски поднебја, но најдобро расте на високо исцедено земјиште. Такво земјиште и поднебје можат да се најдат на ридиштата во подножјата на високите планини во Бразил. Затоа денес три четвртини од вкупното количество кафе што се троши во светот, се произведува во Бразил.
Таму се наоѓаат најголемите плантажи, на некои од нив што се протегаат со километри растат повеќе милиони грмушки кафе.

 

Кафето во големи количества се одгледува и во Венецуела, Колумбија, Гватемала и Мексико, а исто така и на некои од Западноевропските острови и на Јава.

 

Имињата „Мока“ и „Јава“ потекнуваат од местата каде што кафето се одгледува.
Меѓутоа, денес тие означуваат само поедини видови кафе. И „Мока“ и „Јава“ сега, на пример растат во Бразил, исто како и видовите „Рио“, „Сантос“, или „Минас“. Најголемото пристаниште за извоз на кафе е во Сантос, Бразил.

 

Кафеното зрно е всушност семка или голушка од плодот што личи на мала цреша. Плодовоите растат на висока грмушка со светли лисја. Зрното на кафето може да биде цело или составено од две половини, кои со плоснатите страни се свртени една кон друга.

Иако во тропските предели на диво растат повеќе од 25 видови кафе, само два-три вида раѓаат плод што го има оној посебен вкус кога ќе се испече.

 

Уживате во овој напис? Останете информирани претплатете се на нашиот е-весник!

Коментари

Мора да сте логирани да напишете коментар.

За авторот

Низ мојата омилена парола "Without ART, Earth is just just EH", во прв план и како за мене битни секогаш ги ставам музиката, филмот и уметноста општо. Понекогаш и некоја добра книга, и фудбал секако. Обожавам квизови и енциклопедии, а батериите највеќе ми ги полнат звуците на природата, далеку од метежот и гужвите.