Како настанале библиотеките?

 

Првите библиотеки настанале уште пред повеќе илјада години.
При ископувањето на древниот град Ур, во Месопотамија, научниците откриле глинен печат. Имал цилиндрична форма со натписи, а потекнувал од 800 година пред новата ера и можеби и припаѓал на првата библиотека.

 

 

Веќе околу 700 година пред новата ера народот на Месопотамија имал добро уредени библиотеки по своите храмови и палати. „Книгите“ во овие први библиотеки биле глинени плочки испишани со клинесто писмо. Илјадници такви плочки, распоредени по област, сочинувале збирки што ги претставувале првите вистински библиотеки.

Една од нив, таканаречена Асурбанипалова библиотека со околу 22.000 глинени плочки, денес се чува во Британскиот музеј во Лондон.

 

И Египќаните имале библиотеки што ги чувале свештениците по храмовите. Книгите биле во вид на труби од папирус. Најпознатата библиотека од старите времиња е основана во Александрија околу 300 година пред новата ера и претставува прв обид да се собере целата грчка книжевност на едно место. Броела најмалку 700.000 папирусни труби, заведени во каталог и поделени по области, како што се прави во денешните библиотеки.

 

 

Римјаните во почетокот не се интересирале многу за библиотеки, но нешто подоцна дошле на замисла да отворат јавни библиотеки. Јулије Цезар направил план за системот на јавните библиотеки. Богатите граѓани на Рим почнале да основаат библиотеки за народот, а за себе да создаваат големи збирки книги.

Првите римски библиотеки се наоѓале главно по плоштадите и јавните бањи. Така во IV век имало 28 јавни библиотеки во Рим. Многу од нив се уништени во пожари, ограбени или пропаднале од влага и човечка негрижа, кога варварите од север го прегазиле и опустошиле Рим.

 

 

Кога се затврдило христијанството, библиотеките се засновале по црквите и манастирите. Калуѓерите ги читале и препишувале книгите и се грижеле за библиотеките. Пред крајот на раниот среден век почнале да се градат катедрали и во нив се основале библиотеки.
Книги собирале и универзитетите. Така на пример, Во Париз, Хајделберг и Фиренца тамошните универзитети имале збирки на „оковани“ книги.

Имено, ги врзале во синџири за полицата да ги обезбедат од кражба, зашто книгите биле мошне ретки и скапоцени.

 

 

Јавните библиотеки, какви што ги познаваме денес, прв пат се јавуваат во Англија во XIX ве. Со еден пропис од 1850 година англискио Парламент одобрил основање на јавни библиотеки. Оттогаш се повеќе ги има во целиот свет.

Уживате во овој напис? Останете информирани претплатете се на нашиот е-весник!

Коментари

Мора да сте логирани да напишете коментар.

За авторот

Низ мојата омилена парола "Without ART, Earth is just just EH", во прв план и како за мене битни секогаш ги ставам музиката, филмот и уметноста општо. Понекогаш и некоја добра книга, и фудбал секако. Обожавам квизови и енциклопедии, а батериите највеќе ми ги полнат звуците на природата, далеку од метежот и гужвите.