Колку и да е добра домашната кујна, понекогаш посакуваме да отидеме во ресторан, ако можеме да си го допуштиме тоа.
Тоа не го правиме затоа што таму јадењата се различно подготвени, туку затоа што сакаме некаде да „излеземе“.
Многу време пред појавата на рестораните постоеле крчми во кои се собирале луѓето да поразговараат, нешто да се напијат, а можеби и да јадат.
Во Лондон, уште во XII век имало кујни во кои се приготвувало и се продавало варено месо. Купувачите си го носеле дома, но понекогаш останувале и тука да го изедат, што веќе донекаде личело на ресторан.
Англиските гостилници се прите места во кои се служеле готови јадења во определено време, секој ден. Често се претворале во „Клубови за ручање“, што се појавиле во XV век. Веќе во половината на XVI век многу градски жители, припадници на сите класи, создале навика да ручаат и вечераат во по гостилниците, каде што можело добро да се јаде за евтини пари, додека за вино и пиво се плаќало посебно. Многу гостилници станале собиралишта на видни луѓе од тоа време.
Шекспир, на пример, бил редовен гост на „Сирена“ во Лондон.
Во Англија околу 1650 година се појавиле кафеани. Во нив се служело кафе, чај и чоколада, тогаш нови напитоци. Понекогаш се служеле и готови јадења. Првиот ресторан е отворен во Париз, во 1765 година, а во него служеле јадења и пијалоци. Неговиот основач е Буланже. По примерот на овој ресторан, кој постигнал огромен успех, отворени се скоро и многу други, слични ресторани, па низ цела Франција имало многу места каде што можело да се јаде и пие.
Тогаш за прв пат е употребен зборот „Ресторан“
Кај нас првите меани се спомнуваат во XVI век. Највеќе меани имало во Битола, а потоа Прилеп, Скопје, Велес, Штип, Охрид, додека првите кафеани кај нас се појавиле во почетокот на XIX век, во 1827 година во Битола, потоа во Велес (1866 г.), Скопје (1873 г.), Штип (1883 г.), а првиот ресторан на територијата на Македонија е регистриран во 1891 година.
Мора да сте логирани да напишете коментар.