Првите записи за употребата на тампоните потекнува од пред околу 15векови пред нашата ера, кога Египјанките користеле ролнички направени од папирус. Во Стара Грција жените користеле мали парчиња дрво превиткано со остатоци од предиво или неткаени влакна. Римските жени употребувале хартиени тампони, држејќи ги со завој за да не им испаднат и ги менувале 10-12пати дневно. Хавајските жени пак како метод за заштита го користеле крзнениот дел од локалните папарати, додека разните треви и лековити растенија и понатаму се користат во деловите на Африка и Азија.
Самиот назив "тампон" потекнува од шпанскиот јазик и во превод значи затварач или чеп. Разни латински називи имаат слично значење па така што италијанскиот назив "tappo" значи чеп, францускиот израз "tampion" означува капалка што се става на пушката за заштита од влажност и прашина. Интересно нели!!!!
Но како и да тампоните комерцијално започнале да се произведуваат и да се применуваат во 20тите години на минатиот век. Но поради конзервативноста на социјалното друштво не наишле на голем одзив пред се поради деликатната теми за рекламирање и незгодната ситуација во која би се нашле жените при нивно купување. Да не заборавиме дека во тоа време сеуште било незаменливо користењето на платнените влошки кои што жените ги користеле повеќекратно, самите ги переле и одржувале. Најзанимливо е тоа што комерцијалните санитарни влошки биле едни од првите производи кои се продавале по принципот на "самопослужување" во Америка избегнувајќи било каква комуникација или физички поглед со мажите кои биле вработени во аптека. Сето ова било се со цел жените да се охрабрат и да ги купуваат.... но денешна тема ни се тампоните па да продолжиме.
Во периодот на 20тите години млад вработен во компанијата Kimberly-Klark ( во тоа време водечка фирма за производство на влошки во Америка) Williamson, експериментирал со користење на презерватив кој го наполнал со материјалот користен во полнежот на влошките и неговиот изум го претставил на неговиот татко, кој во тој период работел како медицински советник во фирмата. За жал не бил воодушевен од експериментот на својо син притоа советувајќи го да не го споменува повеќе и да не го покажува на никого. Неколку години подоцна ( против мислењето и советот на својот татко) се трудел да ги заинтересира големите компании вклучувајќи ја и Jonshon компанијата која за жал не ја прифатила идеја за патент. Во 1983година сепак успева да го патентира својот производ продавајќи го на госпоѓата Tendrich, која името на својата компанија го асоцирала токму според патентот на Williamson и го дала називот "Tampax".
Требало многу време да помини (повеќе од десет години) за да тампоните го заземат местото на пазарот и да земат замав во својата употреба. Периодот кога рекламите станале поотворени благодарение на феминистичкото движење и до денес рекламите се промовираат со познатите рекламни фрази: девојка/жена што употребува тампони се движи слободно, не стравува од несакани дамки и може да облече што сака (се разбира бело и кратко). Денес употребата на тампоните е голема и широко распространета. Во Америка околу 70% од жените ги користат, што не е случај за Азија каде што имаме само 3%. Интересно е тоа што Американските жени преферираат тампони со апликатор, но жените во Европа преферираат т.н. "дигитални тампони" или појасно тампони со мала врвца што се ставаат со прст.
Како и за секој производ во минатото и низ историјата кој што се трудел да го пронајде своето место во полето за каде што е наменет наидел на многу митови, легенди и приказни. Со сетоа ова не беа заборавени и тампоните. Наиме, се појавија многу медицински и научни истражувања од многу научници и лекари во кои што се наведува штетното дејство на тампоните од типот: оштетување на вагината, сушење на вагината, дејството на диоксинот за избелување на тампонот и за крај додавањето на азбест во тампоните се со цел зајакнување и продолжување на крварењето а со тоа и поголема заработувачка на производителите. Сето ова се покажа недоволно сигурно за да биде вистина!!! Единствено како доказ за појавата на некои последици од користењето на тампоните е користењето на памукот и свилата во изработката на тампони во некои случаеви и сеуште неоткриени причини може да предизика токсичен шок синдром (ТЅЅ). Овој синдром се појавува во многу случаеви после појавата и лансирањето на големиот пазар на тампоните од брендот Relly и нивната линија на тампони со супер впивачки капацитет. Набрзо овој тампон е повлечен од пазарот. Денес сеуште се истражува причината за појава на токсичниот шок симптом и сеуште е под лупа на истражување, но споменат е во секое упатство за употреба во паковањето тампони.
Затоа дами мои, за што и да се одлучите добро одржувајте ја вагиналната хигиена и внимавајте на здравјето!!!!
Мора да сте логирани да напишете коментар.