Кој ја измислил козметиката?

 

Бидејќи козметиката отсекогаш се користела да ја разубави жената, би требало да споменеме дека разните поими за убавината го условиле и создавањето на различни козметички средства.

На пример, според стандардите на луѓето од едно диво африканско племе, убава жена е онаа што отстранува делови од својата кожа и тие места ги мачка со црна боја.

Според сфаќањата на Ескимите, козметиката ја користи онаа жена, која својата кожа ја мачка со сало и маст.

 

 

Старите Египќани први имале слични поими за убавината како луѓето на денешницата. И се восхитувале на здравата, светла коса. Сметале дека жената треба да ги намачка усните и да ги истакне веѓите и клепките, како и да има негувана кожа и витка фигура.

 

Како резултат на таквите сфаќања, Египќанките имале такви козметички средства и тајни рецепти за одржување на убавината, кои не се разликувале многу од оние што ги употребува современата жена.
Веѓите ги мачкале со црна и зелена боја, руменило ставале неколку пати дневно, ги мачкале образите, усните и клепките, а дури ставале и црна помада на врвовите од клепките за да изгледаат подолги.

 

 

Египќанките биле добри потрошувачки на парфеми. Некои истовремено користеле и по петнаесет видови мириси. Покрај тоа, имале обичај во своите фустани да носат мали шишенца со мирис.

По Египет, козметичките средства почнале да се употребуваат и во стара Грција. Гркинките не само што употребувале разни видови мирис и што си ги мачкале усните, туку и со посебни масти косите си ги боеле за да изгледаат руси.

 

 

По победата над Грците, Римјаните со себе ги одвеле и грчките козметичари, коишто им ја откриле тајната за боење на косата, посебни лосиони за лице, хранливи кремови, бои за нокти итн.
Модата да се прават бранови во косата станала толку омилена меѓу Римјаните, што ја прифатиле дури и младите момчиња.

 

Дали ви е познато дека Римјанките правеле разни маски за нега на лицето на ист начин и од исти причини, поради кои современите жени одат во скапи козметички салони?

 

Уживате во овој напис? Останете информирани претплатете се на нашиот е-весник!

Коментари

Мора да сте логирани да напишете коментар.

За авторот

Низ мојата омилена парола "Without ART, Earth is just just EH", во прв план и како за мене битни секогаш ги ставам музиката, филмот и уметноста општо. Понекогаш и некоја добра книга, и фудбал секако. Обожавам квизови и енциклопедии, а батериите највеќе ми ги полнат звуците на природата, далеку од метежот и гужвите.