Кој ја напишал првата енциклопедија?

 

Енциклопедијата ја земаме во рацете кога сакаме за нешто да се информираме. Тоа значи дека во неа треба да се наоѓаат податоци за сите поважни предмети. Зборот „Енциклопедија“ потекнува од грчкиот јазик и значи „општо образование“.

 

 

Денес енциклопедиите обично се средени по азбучен ред, така што лесно може да се најде потребниот збор. Но некогаш се составувани по ред што го избирал самиот писател, како на пример на една енциклопедија од средниот век во која составувачот својата книга ја почнал со една расправа за Бог и анѓелите, а ја завршил со описот на миристе, боите и список на 36 видови јајца.

 

Најстарата енциклопедија што опфаќа многу предмети ја напишал во I век од новата ера Римјанинот Плиние. Се викала историја на природата, и имала 37 тома, со повеќе од 20.000 единици.

Наведени се повеќе од 450 автори. Таа книга ја сметале за толку значајна, што до 1536 година доживувала 43 изданија.

 

 

Една од најголемите напишани енциклопедии била третата кинеска енциклопедија, составена по наредба на еден кинески цар, којшто умрел во 1721 година. Се состоела од 5020 томови! Првата енциклопедија чии поими се средени по азбучен ред, ја напишал англискиот свештеник Џон Харис, објавена е во 1704 година, а се викала „Општ англиски речник на уметностите и науките“.

Голем труд во воставувањето на една енциклопедија вложиле и Французите во XVIII век. Ја нарекле просто „Енциклопедија“, а работата на неа почнала во 1743 година. Необично е тоа што написи за неа пишувале многу прочуени Французи од она време, меѓу кои Волтер, Русо, Дидро.

 

До денес, како едни од најпознатите енциклопедии во светот ги издвојуваме:

 

  • Baidu Baike (Кинески јазик)
  • Digital Universe (Англиски јазик)
  • EcuRed (Шпански јазик)
  • Ekşi Sözlük (Турски јазик)
  • Encarta (Англиски јазик)
  • Encyclopædia Britannica (Англиски јазик)
  • Encyclopædia Universalis (Француски јазик)
  • Great Russian Encyclopedia (Руски јазик)
  • Great Soviet Encyclopedia (Руски, англиски јазик)
  • Marefa (Арапски јазик)
  • Treccani (Италијански јазик)
  • Winkler Prins (Холандски јазик)

 

Уживате во овој напис? Останете информирани претплатете се на нашиот е-весник!

Коментари

Мора да сте логирани да напишете коментар.

За авторот

Низ мојата омилена парола "Without ART, Earth is just just EH", во прв план и како за мене битни секогаш ги ставам музиката, филмот и уметноста општо. Понекогаш и некоја добра книга, и фудбал секако. Обожавам квизови и енциклопедии, а батериите највеќе ми ги полнат звуците на природата, далеку од метежот и гужвите.