Која цена ќе ја платиме само за да бидеме ,,нормални"?

Сметам дека како што растеме така се развива и општеството. А самото современо општество ни создава преголем притисок.

,,Не мора да имаш се одлучено сега, уште си млада", а всушност очекуваат однапред да ги предвидиш случувањата во твојот живот, па дури и оние најмалите.

,,Избори се сама", а не кажуваат ,,Како?". Како сама да се избориш со сте предизвици кои ти доаѓаат во животот? Како да продолжиш? Кој избор е оној правилниот? Велиме дека секогаш има избор и секогаш има начин.. Што кога самата психичка состојба не ти дава да го видиш изборот? Што кога одредена ситуација ти ја гледаш како безизлезна? Или баш тогаш се користи онаа стара изрека ,,Од двете зла избериго помалото". Што ако тоа (помалото зло) е останување во твојата комфорна зона? Неизлегување од комфорната зона.. Додека пак ,поголемото зло' е голем ризик кој не си сигурна дали сакаш да го прифатиш?
Навидум изборот е очигледен. Две опции. Остануваш каде што си или пак одиш надвор во светот* и ги следиш и исполнуваш твоите цели, твоите амбиции.
Што кога имаш амбиции и сакаш да го превземеш ризикот, но немаш поддршка?
Оние кои те создале, оние кои создаваат со тебе.. оние кои случајно се нашле на твојот пат низ лавиринтот на животот.
Од него ги добиваш најголемите навреди, а случајно качувајќи се по скалите, преку полуотворената врата слушаш како те фали.. слушаш за тоа колку добри размислувања си имала.

Која е целта на презентирање на лошото пред самата личност, а криење на пофалбите во себе.. или споделување со други баш тогаш кога таа личност не е во близина?

Последното кое ќе го споменам тука ,,Биди силна", ,,Мораш да бидеш силна".
Отсекогаш ми било проблем тоа што сакам да знам ,,Зошто?"
Зошто да бидеш силна? Зошто не може да се има едноставен живот?

Срцето ми се кршеше пред некој ден кога ја слушав како ми кажува нешто во смисла: ,,Тешко ми е откако заминав.. поготово последниов период, постојано имам панични напади. Пред некој ден го скршив огледалото.. се чувствувам како да губам се. Поради моите напади некако се оддалечив и од моите и од партнерот. Се чувствувам како да не можам на никој да му верувам. Порано отворено зборував со сите, сега се чувствувам како да веднаш ќе добијам некаква навреда.. дури и од најблиските. Се прашувам дали вреди ова што го правам? Дали вреди се што вложувам.. и студии и работа, кога има лица кои без никаков напор добиваат се?"

Зошто мора да е толку тешко? Зошто мора да се повредуваме постојано? Зошто мора да има толку неправди.. поделби?

Пред некој ден добивам порака од друга личност ,,I feel so emotional tired, i just want to end it all". Проследено со описи за тоа како се чувствувала.. како пробува да остане ,,нормална", но тешко и оди.. како се чувствува како да е заглавена и не гледа излез. Ми кажува како неколкупати во изминатите неколку години пробала да се самоубие..

Во разговор и тој ми раскажува за неговире проблеми. Спомнува за тоа дека е геј. Објаснува колку му е тешко бидејќи не знае како тоа да му го каже на неговите.. ни на најблиските. Ми кажува дека само неколку личности знаат за неговата сексуална идентификација. Ми кажува колку хомофобични се неговите.. за тоа дека доколку им каже голема е веројатноста да го избркаат од дома, а нема кај да оди. Отанува без куќа, без пари. Но, вака иако ги има тие материјални работи сепак не е среќен. Единствено насмеан беше кога ми кажуваше за симпатијата.. со која не може да биде бидејќи никој не знае за тоа како тој се чувствува. Ми вели ,,па и не мора да знаат.. ќе живеам вака, ќе се оженам со некоја девојка. Нека се задоволни и горди тие".

Тука е и таа која добива осуди и лоши погледи бидејќи носи искинати (модерни) фармерки.. и тој кој добива секакви коментари бидејќи ја исфарбал косата.

Постојат уште голем број на случаеви што ги знам.. и уште многу поголем број на случаеви, на личности коишто воопшто не ги ни познавам.

Измешани приказни, различни ситуации, различни проблеми.. што им е заедничко? - Притисокот од општеството да бидат НОРМАЛНИ!

Која цена ќе ја платиме само за да бидеме ,,нормални"? Дали вреди тоа да биде животот на најблиските? Дали вреди тоа да биде уништувањето на нивниот живот?

Што ќе не чини да бидеме барем за нијанса похумани, подобри, повеќе позитивни?

Уживате во овој напис? Останете информирани претплатете се на нашиот е-весник!

Коментари

Мора да сте логирани да напишете коментар.

За авторот