1. ГО ОТПЛАТИВТЕ ЛИ ВАШИОТ СТАНБЕН КРЕДИТ?
Секако дека не. Овие кредити се прилично големи и долготрајни. За тие што ги немаат - среќа. Но не грижете се, сигурно и вас ќе ве стигнат.
-Колкава е вашата нето плата?
Одговор:
...............................................
-Колкава е вашата месечна рата за кредит?
Одговор:
...............................................
-Поделете го вашиот втор одговор со првиот и добиениот резултат помножете го со 100
Одговор:
..............................................
Пресметка:
Ако вашиот скор е над 35, работата на вашиот кредит може да му наштети на вашиот финансиски статус. Особено може да ви се јави проблем ако останатите животни трошоци ви се високи. Каматните стапки денес се доста ниски, така што пресметките околку вашиот приход и месечната кредитна рата треба да бидат ниски. Во случај на нагло покачување на каматните стапки, можно е да се доведете во ситуација прилично тешка за контролирање.
Решение:
Можете да ги намалите работите со повторно давање под хипотека/половина понуда. Но внимавајте да ги исплатите сите долгови кон моменталниот кредитор, бидејќи може да ви наплатат за прерано откупување. Но, без добри пресметки оваа промена може да ве чини многу повеќе. Земете какулатор.
2. НА ШТО ТРОШИТЕ?
Ако вашите трошоци се поголеми од вашиот месечен приход, имате проблем. Можеби не сте свесни за тоа, но поголем дел од жените дневно трошат многу повеќе пари отколку што мислат.
-Колкав е вашиот месечен приход по оданочување?
Одговор:
................................................
-Колкав е вашиот просечен месечен трошок во изминатите 6 месеци?
Одговор:
................................................
-Дали трошите повеќе отколку што заработувате?
Одговор:
................................................
Пресметка:
За да го пресметате вашиот просечен тошок, треба да ја разгледате убаво вашата online сметка. Оваа постапка е reset копче. Распределете го вашиот месечен буџет на помали количини и ќе имате поголема контрола во трошењето.
Решение:
Ако многу малку го надминувате буџетот, тоа е лесно решлива ситуација. Внимавајте на цените кога пазарувате, размислете дали можеби треба да се откажете од некоја претплата и најдете поповолни услови кога станува збор за кабелска телевизија, интернет и мобилен телефон. Ревидирајте го планот барем еднаш на 6 месеци и вашиот месечен трошок постојано ќе варира позитивно.
3. ШТО Е СО ОСТАНАТИТЕ КРЕДИТИ?
Скапите рати за кредити и долгови на вашата кредитна картичка ве спречуваат да ги трошите мачно заработените пари од вашиот приход.
-Колкава е вашата нето плата?
Одговор:
.................................................
-Колкава е ратата на вашата кредитна картичка секој месец?
Одговор:
.................................................
-Поделете го вашиот втор одговор со првиот и добиениот резултат помножете го со 100
Одговор:
..................................................
Пресметка:
Скор повисок од 25 кажува дека вашите месечни кредитни рати се многу поголеми од она што вашата плата може да го поднесе.
Решение:
Време е да се откажете од минусот кој ве влече во долгови. Користете се што можете да заштедите за да ги исплатите долговите. Ако не можете да плаќате месечно, договорете се со банката/кредиторот да го смените начинот на плаќање.
4. КАКОВ ОДМОР ЌЕ СИ ДОЗВОЛИТЕ ?
Не мислиме на класичен одмор. Зборуваме за пензионирање откако ќе го напуштите работното место. Колку ќе ви биде доволна пензијата ?
-Колку години имате ?
Одговор:
...................................
-Колкав процент од вашата плата двоите за пензија ?
Одговор:
...................................
-Поделете го одговорот од 1 то прашање со одговорот од 2 то.
Одговор:
....................................
Пресметка:
Делејќи ја вашата воздраст на пола, ќе го добиете процентот од платата што треба да го делите за пензија. Ако вашиот одговор е повеќе од 2, не штедите доволно.
Решение:
Користете ја секоја можност за штедење, за периодот кога повеќе нема да работите. И иако мислите дека пензијата ќе ви биде доволна, секогаш ќе има уште трошоци. Искуството покажува дека колку порано почнете да штедите, толку подобро.
5. ШТЕДИТЕ ?
Патување, нова кујна, скап часовник? Сега можете да почнете да штедите за вашите мали слатки задоволства.
-Колкава е вашата бруто плата ?
Одговор:
...................................................
-Колкава е вашата моментална заштеда ?
Одговор:
....................................................
-Поделете го вашиот втор одговор со првиот.
Одговор:
....................................................
Пресметка:
Вашиот скор треба да е повисок од 3. Три месечен бруто приход е минималната зона на амортизација која треба да се одржува за да се избегне финансиско црвено светло.
Решение:
Ако вашите штедења се ниски, работете на тоа да ги зголемите брзо. Вардете ги вашите пари и трошете ги само за итни случаи. Но одвојте мал дел од нив за да ризикувате од време на време и инвестирајте во нешто што сметате дека ќе ви донесе поголем приход.
Мора да сте логирани да напишете коментар.