Како и многу други жени што ги интересира козметиката така и мене, и воопшто не ми е тешко да најдам истомисленици но од потполно друг агол. Едни од овие истомисленици се и форензичарите!! Да токму тие, кој би рекол нели? Исто како и вас се надевам дека сакате да ги следите и со восхит да ги гледате познатите CSI, Bones, Numbers или целиот серијал од Fox Crime, Fox Life, Crime and investigation или Fox Crime. Јас ги гледам верувајте без да трепнам.... една епизода и по милион пати да се повторува би ја гледала ... Затоа мислам дека статијава многу би ви се допаднала.. Многу пати во филмовите сме се сретнале со делот каде што научниците, криминолозите и форензичарите се служат со разни техники методи и прибор се со цел да ги објаснат знаците, причината и проблемот за едно злосторство. Но сите сакаме да знаеме како ги изведуваат тие процеси.. нормално не можеме целосно да навлеземе во овој проблем но моожеме барем накратко да се потрудиме да видиме и да имаме некое познавање за тоа што се случува во овој свет.
ОТПЕЧАТОЦИ ОД КАРМИН
Знаеме дека форензичарите многу одамна ги користат отпечатоците од прстите, но дали знаевте дека на ист начин може да се искористат и врз примерок од кармин? Разредените супстанции на дамките од кармин споредени со оние најдени на местото на злосторството форензичарите можат да го прикажат на индиректен доказ конатактот или поврзаноста на жртвата и осомничениот. Уште во 1970тата година јапонските форензичари започнале со собирање на отпечатоци од уста. Испитале отпечатоци од уста на 1364испитаници на возраст од 3 до 60 години. Американските форензичари го спроведиле истото истражување 20години подоцна и во ова истражување користеле кармин за уста. Објавени биле неколку научни статии за оваа тема во која е заклучено дека постојат 5основни линии на устата заендо со шарите кои се менуваат во текот на годините и дека личностите во крвно сродство имаат некои сличности и разлики во овие линии но во шарите нема потполно исти отпечатоци. Воспалението и отокот не го менуваат обликот. После спласнување на отокот нема да има промена во линиите и шарите. Исто така ДНК може да се изврши во плунка на која што има кармин.
ДАМКИ ОД ТЕЧНА ПУДРА
Како дамката од кармин така и дамката од пудра многу лесно се пренесуваат за облеката и останатите површини и при најмал контакт. Форензичарите исто така может да ја утврдат и пудрата која ја користела личноста на местото на злосторството со точност од 99.7% користејќи комбинација на техники при за дамки за кои е доволен, мал и лесен и со големина 5мм2. Едната техника е FTIR (инфрацрвена спектроскопија Фуријерови трансформации) со точност од 98.3%, втората метода SEM-FID методот односно скенирање и гасна хроматографија со пламени јонизирачки спектар со прецизност од 93.8% и третата метода е GC-FID анализа со електронски микроскоп кој преставува енергетско дисперзивна Ренген анализа со точност од 82%. Ваквата комбинација е воспоставена во Нов Зеланд каде што успешноста е проверена на 35 испитани типови на течна пудра.
ИНДЕТИФИКАЦИЈА СО ПОМОШ ШАМПОН ЗА КОСА
Иако веруваме дека со користењето според митот дека со користење на еден шампон за коса подолго време прави косата "да се навикни" на тој шампон. Постојат и научни докази за тоа дека после долго користење на шампонот на коса посебно истиот се акумулира во влакното на косата. Накратко ваквата техника се состои од земање на екстракт користејќи претходно подготвена мешавина од метанол и вода, притоа анализирајќи го со помош на хроматографија со течност под притисок. Ваквиот HPLC се заснова на само од 5-10мм на едно влакно... притоа примерокот не е деструктивен и може да се користи за понатамошна анализа а тоа значи дека при анализирање на влакното со овој метод тоа не се оштетува и не ги губи оттисоците. На ист начин се анализираат и примероците на косата со балзам.
ВЛАКНА ТРЕТИРАНИ СО ИЗБЕЛУВАЧИ
Анализирајќи го човековото влакно форензичарите може да ја откријат личноста која користела некои илегални дроги и таблети. Ваквата техника е наречена GC-MS ( гасно течна хроматографија и масна спктрометрија) техники со кои се открива присуството на кодеин, кокаин, морфин и други супстанции. Карактеристично е тоа што косата може карактеристично при анализа да биде оштетена од овие илегални средства. Докажано е дека молекулите на влакното не само преку нејзината структура но и формирање низ фоликулите туку и преку потта и себумот. Затоа, многу често доаѓа до лажно позитивни тестови кај коса третитирана со илегални супстанции или со фризерски третмани како : боја, бланш и минивал.
ЗОШТО Е ВАЖНО СЕТО ОВА ДА ГО ЗНАЕМЕ?
Најпрво е многу добро да се знае кои производи што ги нанесуваме на нашата коса и на нашата коса делуваат многу штетно не во смисла на постојана штета туку штета со нејзино несовесно и нерегуларно користење.
Мора да сте логирани да напишете коментар.