Edmond Roudnitska - Учител на сите времиња
Легендарен француски парфимер, автор на едни од најпознатите пафреми што некогаш постоеле: Eau Sauvage, Diorissimo, Diorela, Femme, La pafum de Therese. Многу негови парфемски креации се стремат да бидарт исти со оние кои биле создадени, притоа чувајќи ги неговите дела и парфемска историја. Мирисните композиции кои ги креирал за Dior, Hermes и Rochas му ја донеле титулата на мастенмајд меѓу парфимерите, со што и денес младите парфимери деноноќно ги изучуваат неговите креации како би влегле и би ги откриле тајните во светот на парфемите. Edmond Roudnitska е роден на 22 март 1905 во Ница, на југот од Франција. Сонувал за кариера на оперски пеач, но животот го однел на друга страна. Во 1921 година заминува на студии во градот на парфемите Грас, односно парфемски центар во Франција. Следната година се преселува во Париз каде што започнува да конструира парфемски бази за компанијата DeLaire по барање на нејзините клиенти. Десет години подоцна (1949) во населбата Габрис, заедно со својата сопруга Тереса ја основа Art et Parfum, мала лабораторија во која што денес настанале парфмеските ремек дела. Габрис не е познат само по лабораторијата но и по познатите градини кои ги направил овој велемајстор. Сувата пустинска почва на падините на овој град, Roudnitska го променил во ботаничка градина во која и денес се одгледуваат стебла на ретки растенија. Првиот парфем It`s You го лансирала Елизабет Арден во 1938 година, и во раниот период на 1944 претставен е и првиот комерцијале парфем кој постигнал огромен успех. Станува збор за Femme, парфем кој Edmond Roudnitska го креирал за парфимерската куќа Rochas. Единствен во совршениот баланс на женската кожа и густи мирисни ноти назрела слива. Композиција направена врз хармонијата на алдехиди, овошје, дрвенести ноти и мошус, притоа наменет не за секоја жена, наменет само за дами. Овој парфем го има и првиот римејк односно Oliver Gresp во 1989година му додал и нота на слатка праска и кумин. Femme de Rochas е сеуште во производсво и љубителите на парфеми во винтаж стил постојано го користат притоа чувајќи ги шишенцата со различни години на произвдоство бидејќи имаат лично и непроценлива вредност. Што се однесува на La pafum de Therese е единствениот парфем кој го користела неговата жена но не е единствен што бил посветен на неа. La pafum de Therese е единствен спој на сензуалност и едноставност. Овошно воден акорд на диња и мандарина, слива и ружа а завршува со кедар и голема доза на една молекула наречена Calone или во парфемската индустрија познат како кетон на лубеница, кој има интензивна нота на морски ветер со благи цветни тонови и необичен мирис. На пазарот La pafum de Therese е претставен биз никакви додатоци и промени но со малку зголемена доза на ванила. Негови познати креации се:
Christian Dior Diorama (1948)
Christian Dior Dior-Dior (1976)
Christian Dior Diorella (1972)
Christian Dior Diorissimo (1956)
Christian Dior Eau Fraiche (1955)
Christian Dior Eau Sauvage (1966)
Elizabeth Arden It’s You (1939)
Elizabeth Arden On Dit (1952)
Frederic Malle Le Parfum de Thérèse
Hermès Eau d’Hermès (1951)
Hermès Grande Eau d’Hermès
Mario Valentino Ocean Rain (1990)
Rochas Femme (1944)
Rochas La Rose (1949)
Rochas Mouche (1947)
Rochas Mousseline (1946)
Rochas Moustache (1949)
Jaques Cavalier- Кралот Мида во парфмескиот свет
Jaques Cavalier е француски парфимер кој кој работел самостојно притоа соработувајќи со други парфимери. Креирал преку 80парфеми од брендовите како: Christian Dior, Issey Miyake, Yves Saint Laurent i Lancome. Како крал Мида, се што допрел го направил злато, а светот на луксузот негов дом. Роден на 24 јануари 1962година во Грас, во кој неговата фамилија живее 15векови. Имал осум години кога на својот татко му рекол дека сака да биде парфимер. Тоа му било во крвта. После само еден ден од завршувањето на средно училиште Jaques Cavalier веднаш започнува да работи во фабрика за парфеми во Грас. Започнува со мешање на мириси од природни сирови состојки заедно со својот татко. Неговите омилени парфемски состојки биле ружа, оуд, јасмин и цвет од портокал. Својата кариера како парфимер ја започнува во пафимерската компанија Charabot, после три години заминува во лабораторијата Qest International-Naarden во Холандија и две години подоцна заминува во конгломератот за парфеми Firmenich притоа се придружува во компанијата PFV Aroma Chemicals B.V. 1988 при што соработува со најголемите светски имиња како: Calvin Klein Truth. Carolina Herrera Chic, Ermenegildo Zegna Essenza di Zegna, Givenchy Hot Couture, Oscar de la Renta Intrusion, Van Cleef & Arpels Murmure и Yves Saint Laurent M7 но ова се само дел од парфемите кои што ги креирал таму. Jaques Cavalier бил голем обожаветел на Louis Vuitton и неговите пари што ги добивал на училиште ги собирал за на својата мајка да и подари за денот на жената. Во едно од неговите бројни интервјуа рекол дека во тој момент кога жената на касата подарокот го ставила во убава голема кутија со црвена панделка се почуствувал како крал и во тој момент почуствувал како изгледа луксузот, без притоа да знае дека еден ден ке работи за нив. Cavalier е познат и по тоа што за да направи еден парфем е спремен да оди и до крај на светот за да ја најде потребната состојка. Така од една шума на Салвадор набавувал перуански балзам, свеж ѓумбир од Нигерија, какао од Слоновата коска, додека за една состојка која се смета за најскапа е оудот или мирисот на Нирвана кој моментално е најскапата суровина ( масло) која се користи во парфимерската индустрија и за неа отишол дури до Бангладеш. Ова масло чини повеќе од 1.5 злато. Највпечатлива е и потрагата на кардам која го донела дури до Гватамела. Негови најпознати креации се:
Alexander McQueen Kingdom (2003)
Amouage Library Collection Opus V (2011)
Azzaro Oh La La
Bvlgari Aqva Pour Homme (2005)
Bvlgari Aqva Pour Homme Toniq (2011)
Bvlgari Aqva Pour Homme Marine (2008)
Bvlgari Aqva Pour Homme Marine Toniq (2011)
Bvlgari Blv Eau de Parfum II (2009)
Bvlgari Falkar (2019)
Bvlgari Garanat (2016)
Bvlgari Gyan (2016)
Caudalie Parfum Divin (2014)
Caudalie Thé des Vignes (2011)
Christian Dior Midnight Poison (2007)
Diesel Fuel for Life for Him (2007)
Diesel Fuel for Life Unlimited (2008)
Giorgio Armani Acqua di Gio pour homme (1996)
Giorgio Armani Emporio Armani Diamonds Black Carat (2011)
Giorgio Armani Emporio Armani Diamonds Pour Homme (2008)
Giorgio Armani Mania (2000)
Giorgio Armani Onde Vertige (2008)
Givenchy Hot Couture (2000)
Halle Berry Closer (2012)
Jacques Polge - Кралот на парфемската индустрија
Jacques Polge е поет и творец на едни од најзаводливите парфеми на сите времиња. Човекот кој не го знаеме на име но сигурно го познаваме по парфемските креации како: Chanel br. 5 (EDP verzija), Allure, Antaeus, Egoiste, Cristalle Eau Verte, Coco, Coco Mademoiselle (EDP, EDT, Parfum), Chance, серија Les Exclusifs, Bleu de Chanel, се само едни од вкупно 72парфеми кои тој лично ги потпишал. Не постои љубител кој нема барем една од креациите на Polge . За екслузивната куќа Chanel работел полни 37години ( 1978-2015). Polge е роден 14јуни 1943 година во Авигнона во Франција. Летата со својата фамилија ги поминувал во Грас како и многу други парфимери бил воодушевен од мирисот на јасмин кој го опкружувал овој град. Дипломирал англиски јазик и книжевност. Црната боја е една од најважните бои на Chanel бидејќи секоја жена ја прати модата која е актуелна. Bois Noir е единствениот парфем во црна боја кој бил повелечен од производство само неколку месеци по пуштањето, а од пазарот е повлечен во 1987 година. Три години подоцна го заменува познатиот Egoiste. Негови останати и најпознати креации се:
Сопствени креации
Rive Gauche, Yves Saint Laurent (1970)
Diva, Emanuel Ungaro (1982)
Senso, Emanuel Ungaro (1987)
Tiffany for Men, Tiffany (1989)
Креации направени за Chanel
Allure (1996)
Allure Homme (1999)
Antaeus (1982)
Bleu de Chanel (2010)
Chance (2002)
Coco (1984)
Coco Mademoiselle (2001)
Coco Noir (2012)
Cristalle (1993)
Égoïste (1990)
Мора да сте логирани да напишете коментар.