Квантумски модел на реалност. Што е тоа ?

Квантумски модел на реалност. Што е тоа ?

 

Тоа е она место каде што се предизвикуваат ефектите. Во моментот кога ќе почнеме да чувствуваме изобилство и достојност ние генерираме богатство. Во моментот пак кога сме овластени и го чувствуваме тоа, ние почнуваме да чекориме кон успехот. Моментот кога ќе се почувствуваме целосни, тогаш почнува заздравувањето, и дури кога се сакаме себеси и сакаме со од нашиот живот ние создаваме некоја еднаквост и со сето ова ние го предизвикуваме ефектот. Сметам дека тоа е разликата помеѓу живеењето како жртва во смисла јас сум ваков поради оваа личност или она нешто, или она искуство како тие да ми направиле да се чувствувам вака. Кога ќе го промениме сето ова ние постануваме креатори на нашиот свет, и тогаш почнуваме да велиме моето размислување и моите чувства се променети  комплетно во мојот живот и сега тоа е веќе една цела друга ситуација. Кога ќе почнеме да веруваме повеќе тогаш ние сме создавачи на реалноста. Ако не сме дефинирани од визијата на иднината тогаш ќе бидеме  останати со старите сеќавања за минатото и се би ни било предвидливо во нашиот живот. Доколку би се разбудиле наутро и не сме дефинирале некоја визија од иднината како што на пример ги гледаме истите луѓе одиме на истите места, и ги правиме во потполност истите работи во истото време тогаш нашата личност повеќе не ја креира и создава нашата лична реалност, туку сега нашата лична реалност влијае на креирањето на нашата личност. Всушност нашата околина го контролира она што ние го чувствуваме потсвесно. Бидејќи секоја личност и секое нешто, секое место секое искуство прави еден вид на нервна мрежа во нашиот мозок. Секое наше искуство кое го имаме со секоја личност произведува емоција. Некои луѓе на пример би ги искористиле своите пријатели за да го потврдат нивното страдање. (склоност кон страдање) Значи сега нив им треба надворешниот свет за да почувствуваат нешто. За да ова се промени, потребно е да сме поголеми од средината. (надворешната средина) Да сме поголеми од условите во нашиот свет.

Уживате во овој напис? Останете информирани претплатете се на нашиот е-весник!

Коментари

Мора да сте логирани да напишете коментар.

За авторот