После 16 години пауза, и неколку сезони во обид до самиот крај за враќање во најелитното натпреварување во Англија, екипата на Лидс Јунајтед конечно се врати во Премиер Лигата.
Тимот кој во сезоната 1991/92 беше последен првак во тогашната Англиска Прва дивизија (Денес Премиер Лига) одбележа една ера во англискиот фудбал, со низата од добри резултати, посебно во сезоните 1998/99 1999/00 во кои завршуваа во ТОП 3, а во сезоната 2000/01 стасаа и до полуфиналето во Лигата на Шампиони.
Она што не им успеа минатата сезона на Марсело Биелса и неговиот тим, кои во последните натпревари од сезоната буквално го загубија пласманот во елитата, им успеа годинава, благодарение на вечерашниот пораз на конкурентите Вест Бромвич Албион, кои со одиграни 45 натпревари на едно коло до крај се наоѓаат 5 бода зад Лидс Јунајтед.
Без сомнеж, ова е вест која огромен број на фудбалските фанови, посебно оние на фудбалот од островото ја дочекаа со радост, водени од носталгијата за старите добри фудбалски денови, и тоталниот фудбал кој екипата на Лидс го прикажуваше, за задоволство на истите.
Да напоменеме, нашиот репрезентативец Езѓан Алиоски е дел од екипата на Лидс Јунајтед, кој во трите сезони до сега забележа над 80 настапи.
Мора да сте логирани да напишете коментар.