Кога ќе се спомне поимот лимон што е тоа што прво ви паѓа на памет: дали само тоа за вас е цитрусно овошје, извор на витамин Ц или синоним за вкусна и освежителна лимонада. Лимонот е овошје кое се применува без оглед на годишното време, во зима како додаток во вашата топла напивка - чајот и како сојузник во борбата и превенцијата со разните вируси и настинки, а во лето како средство за освежување и разладување. Ова овошје е лесно достапно и може да се најде во скоро сите маркети и на секој пазар.
Придобивките од ова овошје се големи. Освен што работи во служба на нашето здравје, се применува и како средство за разубавување и чистење. Веќе спомнавме дека лимонот е одличен извор на витамин Ц. Особено е корисен за лица кои се соочуваат со проблемот наречен анемија. Витаминот Ц помага во побрза и полесна апсорпција на железото. Наш предлог е да изрендате цвекло и моркови и да ги прелите со сок од свежо исцеден лимон. Со редовна конзумација на овој сок ќе обезбедите доволен внес на железо. Употребата на овој сок исто така ќе биде корисна и за лицата кои имаат проблем со висок крвен притисок.
Сокот од лимон може да го ставите и во служба на вашата убавина. Лимонот е состојка која се употребува во приготвување на многу ефикасни маски за чистење на кожата на лицето и телото. Дава позитивни резултати во комбинација со јогурт, мед, морска сол, а ефектот е чиста, мазна и подмладена кожа. Свежо исцеден сок од лимон може да помогне и во зацврстување на вашите нокти. Се што треба да направите е да ја искористите вашата стара четкичка од лакот за нокти. Со неа нанесете неколку слоја од сокот од лимон, ќе добиете изглед како да сте нанеле проѕирен лак за нокти. После десетина минути измијте ги рацете. Со долготрајна употреба жолтата боја ќе ја снема, а вашите нокти ќе станат цврсти и сјајни.
Лимонот може да го искористите и како средство при отстранување на нечистотиите на вашата релна. Исечете го на крукчиња и ставете го во подлабок сад со вода. Вклучете ја релната и оставете додека водата не испари
Мора да сте логирани да напишете коментар.