Овен
Имате таен обожавател кој е пред носот, но не го забележувате тоа и не сфаќате дека ви се допаѓа. Вие го игнорирате, го гледате со презир, но ова лето ќе ги преземете работите во свои раце. Најверојатно тој е воден знак (Риби, Шкорпија или Рак) и е многу страствен и романтичен. Можете повторно да се сретнете на одмор кон крајот на август или почетокот на септември. Оваа нова врска ќе ве промени вас.
Бик
Креативен Рак со цврст карактер ќе ве маѓепса. Вие ќе се поврзете со него духовно и тој ќе ви изгледа како да е единствениот за вас. Тој ќе ве заинтересира затоа што ќе биде многу таинствен и мистериозен, харизматична личност на која не можете да и одолеете. Вашата врска ќе биде многу силна. Вие ќе го свртите грбот кон нешто старо и ќе свртите нова страница во вашиот живот. Можеби ќе започнете нова работа, ќе го смените вашиот дом, ќе започнете ново хоби - вака ќе ја запознаете новата љубов и веднаш ќе ја препознаете. Врската можеби ќе биде кратка, но вие никогаш нема да ја заборавите, бидејќи за прв пат некој целосно ќе ве разбере.
Близнаци
Во вашиот живот ќе се појави огнен знак (Овен, Лав или Стрелец), кој што е играч исто како вас. Затоа, ќе ви се чини дека оваа личност е многу привлечна и неодолива. Летото ќе биде возбудливо - ќе направите стратегии за да го импресионирате, ќе поставите стапици. На крајот, ќе успеете. Вашата врска ќе биде како игра, бидејќи вие сте многу забавна личност. Сè ќе биде прекрасно за вас овој месец, но кон крајот на август ќе сфатите дека врската е подлабока од тоа што мислевте.
Рак
Добра вест за вас! Исклучително слатка и шармантна личност, која исто така е добра, лојална во љубовта, ќе влезе во вашиот живот. Бидејќи оваа личност е од земните знаци (Јарец, Бик или Девица), тој ќе биде стабилен и сериозен. Тој ќе ви обрне внимание и нема да ве изневери затоа што има добро срце. Постои потенцијал ова да стане сериозна врска и заедно да ја градите иднината. Вие ги споделувате истите вредности, ставови и интереси.
Лав
Огнен знак (Лав, Овен или Стрелец), кој е многу страствен и подготвен за авантура, ќе ви биде нова возбудливост. Тој ќе се појави во вашиот живот од никаде и ќе го разниша вашиот свет. Вас ќе ви се допадне тоа. Врската ќе биде полна со страст и драма. Може да се случи во средината на август, најверојатно - кога одите некаде. Новата врска ќе биде возбудлива - токму она што ви треба.
Девица
За вас, работите се вжештуваат - ќе започнете тајна врска. Новата личност ќе биде воздушен знак (Водолија, Близнаци или Вага). Тој ќе биде вашиот партнер во авантурата. Работите ќе започнат полека затоа што ќе бидете збунети во врска со оваа нова врска. Но, привлечноста ќе биде многу силна и врската ќе стане многу романтична и трајна. Многу е веројатно дека ќе го поминете животот со оваа личност.
Вага
Земен знак (Јарец, Бик, Девица), кој е постар и доста успешен, богат, амбициозен и стабилен, ќе ве маѓепса. Bие ќе бидете многу среќни затоа што баравте личност на која ќе можете да се потпрете. Вие ќе им се восхитувате на достигнувањата, мудроста и харизмата на новиот партнер. Вие го сретнете човекот во текот на август, но врската може да се продлабочи дури на есен - во октомври. Ова ќе се должи на разликата во возраста или на фактот дека и двајцата ќе имате многу обврски кога ќе се сретнете. Вие ќе доживеете љубов како од бајките и филмовите.
Скорпија
Во вашиот љубовен живот доаѓа Лав кој што веројатно го познавате од порано. Овој човек немал лесен живот, но преживеал и е шампион. Тој станал силен и мудар за својата возраст. Ви се допаѓа неговата храброст и тоа како се справил со темните периоди во неговиот живот. Ќе започнете да комуницирате со него во почетокот на август со тоа што ќе се видите на забава или пријателски собир. Врската можеби е долготрајна, но не брзајте да направите планови за иднината и не ги заборавајте вашите интереси заради оваа личност.
Стрелец
Ќе се сретнете со огнен знак (Овен, Лав или Стрелец) со големи соништа и многу идеи. Тој ќе биде полн со енергија и амбиција и ќе ве привлече многу, па вие ќе се вљубите многу брзо. Ова не е лошо. Додека поминувате време со него, вашето расположение ќе се подобри. Оваа личност ќе се појави кога ќе направите промена во вашиот живот, затоа не плашете се да продолжите понатаму. Врската нема да биде долга, но ќе игра важна улога во вашиот живот, ќе ги прошири вашите хоризонти и ќе ве натера да преземете повеќе ризици.
Јарец
Во вашиот живот ќе се појави воздушен знак (Близнаци, Вага или Водолија). Интересно е што нема да ви се допадне на почетокот. Но, линијата помеѓу љубовта и омразата е тенка и на крајот многу ќе ве привлече оваа личност. Ќе се сретнете во првите денови од август, но најверојатно романсата ќе започне во октомври, затоа што прво ќе мислите дека оваа личност е досадна. Постои шанса вашата нова врска да биде долготрајна, романтична и незаборавна.
Водолија
Вие ќе се вљубите во огнен знак (Лав, Стрелец или Овен). Веднаш ќе почувствувате неверојатна хемија. Оваа личност ќе биде страсна, динамична и врската ќе биде возбудлива. Тоа ќе ве инспирира и ќе ве натера да се чувствувате ценета. Вие, всушност, ќе станете зависни од него заради неговата харизма и енергија. Ова ќе биде голема љубов. Веројатно ќе го сретнете на забава или во кафуле. Но, ќе мора да се потрудите почесто да се гледате, бидејќи и двајцата ќе имате многу обврски.
Риба
Ќе се вљубите во личност што никогаш не сте замислувале дека би можеле да ја сакате, но меѓу вас ќе има многу силна љубов и хемија. Вие ќе бидете инспирирани и воодушевени еден од друг, без разлика колку сте различни. Затоа, не судете ги книгите според нивните корици. Веројатно ќе се запознаете на Интернет. Но, ќе се грижите за тоа што мислат вашите најблиски за оваа личност - затоа што сте многу различни од него. Не грижи се толку многу, само треба да поминете низ некои пречки.
Мора да сте логирани да напишете коментар.