Љубовта и општеството

Во врска си, го сакаш некој човек и тој некој те сака тебе. Ја замислувате вашата заедничка иднина.. некаде подалеку. Само вие. Ти и тој. Замислувате колку би ви било подобро да живеете заедно, подалеку од вашите семејства. Како што се повеќе и повеќе се запознавате сфаќате дека на ист начин сте ,,fucked – up” од вашите родители.. сфаќате дека сте многу повеќе слични отколку што сте мислеле дека сте, на почетокот.

И тука еден БУМ!

Слушаш коментари од другарки, другари па и блиски роднини како си сеуште млад не смееш да дозволиш љубовта да те заслепи. Сеуште е рано за ,,нешто сериозно”. Наводно првата женска нека не ти е последна. Пробај повеќе. (Као демек чоколади се..) Првиот дечко нека не ти е последен. Убава си, убав си, можеш да имаш многу подобри, поубави, поуспешни (и некогаш не баш ретко во последно време ти кажуваат дека можеш да најдеш некој побогат, некоја побогата). Слушаш совети* дека си млад и сеуште не знаеш што сакаш итн. итн.

Најинтересно од сето тоа е тоа што барем постарите, според мое искуство и од моја перспектива, моја гледна точка, најголем дел, тагуваат по некаква љубов од минатото. Нивна прва љубов со која заради различни причини им се разделиле патиштата. И истите тие луѓе ти зборуваат дека ,,има повеќе од животот од само една личност”. Па, во ред. Секако дека има.. но што ти значи да имаш се, а да не си со личноста која ја сакаш?

Тоа е тоа што е најпогрешно. Сите некогаш сме поминале низ иста ситуација со некоја друга личност која сега поминува низ таа ситуација.. и наместо да и дадеме реален совет, ние и даваме совет кој е ,,нормално” да се даде во тој одреден период во тоа одредено место.

Или пак совет кој би ја намалил нашата лична болка и незадоволство?

Зошто сами си го отежнуваме животот едни на други?

….

Се сеќавам минатото лето, седиме на тераса и пиеме кафе. Јас, тетка ми и баба ми. Отворивме некоја дебата за религија. Јас и тетка ми сме многу слични и имаме многу слични размислувања освен кога станува збор за религија.. тука веќе сме два различни света. Зборуваме, зборуваме.. после повеќе од два саати молчење и внимателно слушање баба ми додава ,,Јас бабе.. и јас не верувам во религија. Ама ете шо ќе прајш.. сите веруваа, тогаш знајш какво беше времето. Сега вие младиве се шо сакате си прајте, ние тогаш кај можевме така.. Сите одат во црква и јас ќе одам. Шо да прам.. не можам да се делам ко црна овца”.

Сеуште можам да се сетам, да го почуствувам зголемувањето на брзината на чукање на моето срце од самата нервоза. Самите зборови кажуваат многу работи. Посебно кога ги слушаш од твоја блиска личност. Повеќе влијаат.. повеќе болат.

Колку само луѓето чуваат во себе само за да не бидат ,,црната овца”? И колку луѓе би биле ослободени од таа тежина, доколку само една личност се осуди да проговори гласно? Или така таа повеќе ќе биди осудена? И од истомислениците?

….

Баба ми, иначе е роден лидер.. немала некоја шанса за кариерно да се надоградува но и во тоа што го работеше беше посебна. Беше успешна. Секогаш знаеше да го оддржува семејството, секогаш се грижеше за семејството.. секогаш знаеше да најди некое иновативно решение, без разлика за каков проблем се работи. Јас од кога знам самата за себе, таа за секој празник оди во црква, ги следи сите обичаи, си пости во одредени денови, нас помладите не учи да веруваме..

Исто така.. јас колку што знаев баба ми и дедо ми имаа прекрасен брак. Повеќе од четириесет години заедно.. едноставно совршен брак.

Но, по тој разговор дознав дека и баба ми имала некоја друга личност. Некоја друга голема љубов. Почна да ни ја раскажува нивната приказна. Ни раскажуваше и како се сретнале пред некое време.. после повеќе од триесет години. Зборувале нешто накратко.. како си, како е семејството.. Ни ја опишуваше прегратката. Замисли, жена, пензионерка, шеесеттина години, седи и ја опишува прегратката и чувствата кои ги имала во тој момент.. со нејзината љубов. Со личноста на нејзиниот живот. Со која премногу е голема веројатноста повеќе никогаш да не се види.

Луѓе, јас тој сјај што го видов тогаш во нејзините очи, го немам видено никогаш претходно.. ниту пак после тоа. Еве веќе помина повеќе од една година.

Многу би ви рекле ,,Не дозволувајте љубовта да ве заслепи”, јас, сосема спротивното.

Дозволете! Дозволете да сакате, дозволете да ве сакаат. Не градете ѕидови околу вас. Не дозволувајте личност која ви значи да ја изгубите поради совети**. Најблислите по некоја логика треба да ви мислат најдобро и да ви ги даваат советите со добра мисла. Сепак тоа е она што е најдобро според нив, а вие самите и доколку сега не знаете ќе научите што е најдобро за вас. Бидејќи единствено вие можете да почувствувате што е најдобро за вас. Не дозволувајте ни да ја изгубите личноста која ви значи само поради страст.. страста е минлива работа. Многу кратко трае.

Дозволете си самите на себе љубовта да ве заслепи.. но немојте на тој пат да се изгубите себе си.

Уживате во овој напис? Останете информирани претплатете се на нашиот е-весник!

Коментари

Мора да сте логирани да напишете коментар.

За авторот