„Лудиот Крал“ Лудвиг II од Баварија: Ексцентрик и несфатлив визионер на своето време

 

Кралот Лудвиг II од Баварија, познат под прекарот „Лудиот крал“ ги градел, денес најпосетуваните знаменитости во Баварија, во текот на својот краток животен век и владеење. 

 

Со изградбата на своите замоци ја задолжил целата династија Wittelsbach. Денес овие градби носат огромен профит од туризмот на цела Баварија.

Кралот Лудвиг II од Баварија роедн е на 25 август 1845 година во дворецот Nymphenburg во Минхен, како најстар син на баварскиот крал Максимилијан Втори и принцезата Марија од Прусија. Поради смртта на својот татко, во 18 година од својот живот станува крал, се до својата смрт во 1866 година.

 

 

Своето детство го минал во баварскиот замок Hohenschwangau кого многу го сакал. Уживал во погледите на езерото во Баварските Алпи. Во својата 16та година за прв пат ги слушнал оперите на Рихард Вагнер, и од тој момент се вљубил во фасцинантниот свет на уметноста, митот, легендите, бајките, но и во делата на Вагнер.

Пошироката јавност за првпат имала прилика да го види на погребот на неговиот татко, со што ги пленил погледите на многуте жени, кои наместо во трупот, гледале во него.

 

Лудвиг отворено го искажувал својот презир према војните, крвопролевањата, но и према дворскиот живот. Минхен бил негово службено седиште, но никогаш не го сакал. Живеел за уметноста и своите сништа.
Никогаш не се оженил, иако бил свршен со Софија, помладата сестра на царицата Елизабета од Австрија позната како Сиси. Сиси и Лудвиг, инаку родбини, имале одлично разбирање помеѓу себе, и двајцата биле несфатени сонувачи.

 

Идол на Лудвиг му бил францускиот крал Луј XIV, према кого ги градел и своите замоци. Кралот Луј XIV бил познат по прекарот „Кралот Сонце“ а Лудвиг себеси се доживувал како „Кралот Месечина“.

 

 

Кралот Лудвиг Втори од Баварија започнал и градел 5 замока, некои од нив останале недовршени.

Neuschwanstein бил првиот замок кого Лудвиг почнал да го гради во 1869 година. Денес е еден од најубавите замоци во светот. Покрај него ги изградил и замоците Linderhof (1874) во близина на градот Етал, Herrenchiemsee, неговиот најголем замок на езерото Chiem.

Зад себе оставил голем број на планови и скици за изградба на нови замоци и градби, како и планови за проширување на веќе постоечките изградени објекти.

 

Лудвиг за изграбата на сите овие дела црпел финансии од фамилијарното наследство и од својата кралска плата, но тие не биле доволни, па додатно со нив и се задолжувал. Често бил на мета поради ваквиот пристап на водење на своето кралство, и многумина прогнозирале негов брз крах.
До крајот на 1884 година неговиот долг пораснал на 7,5 милиони марки.

 

После неговата смрт, која е мистерија и до ден денес, династијата Wittelsbach ги вратила сите долгови према банките дури во 1902 година, во износ од 14 милиони марки, со камата !

 

 

Кралот Лудвиг II од Баварија бил последен законски баварски крал, и ќе остане запаметен како „Лудиот крал“ од бајките и легендите, кој ги презирал војните и политиката, а бил фасциниран и ангажиран на полето на уметноста, со кое оставил траен печат врз животот, историјата и туризмот на Баварија и Германија.

Уживате во овој напис? Останете информирани претплатете се на нашиот е-весник!

Коментари

Мора да сте логирани да напишете коментар.

За авторот

Низ мојата омилена парола "Without ART, Earth is just just EH", во прв план и како за мене битни секогаш ги ставам музиката, филмот и уметноста општо. Понекогаш и некоја добра книга, и фудбал секако. Обожавам квизови и енциклопедии, а батериите највеќе ми ги полнат звуците на природата, далеку од метежот и гужвите.