Денес се навршуваат точно 250 години од раѓањето на Лудвиг ван Бетовен (17 декември 1770 година, Бон - 26 март 1827 година, Виена), германски композитор, колосална фигура во периодот помеѓу ерата на класицизмот и романтизмот.
Роден е во Бон, Германија од татко Јохан ван Бетовен и од мајка Магдалена Кеверик ван Бетовен. Неговиот татко работел како музичар на дворецот во Бон. Бетовен компонирал музика независна од друштвените и религиозни намери, нешто што често во своите дела ги користеле композиторите пред него. Се вбројува во најголемите, најпочитуваните, најпопуларните и највлијателните композитори на сите времиња.
Неговиот музички опус вклучува: девет симфонии, пет концерти за пијано, еден концерт за виолина, 32 концерти за сонати, 16 гудачки квартети, неговата голема миса (Missa solemnis) и операта ''Фиделио''.
Во чест на неговото раѓање, ви претст авуваме наш избор од 5 најголеми дела на генијалниот музичар.
Symphony No. 3 ‘Eroica’
Веројатно наважната симфонија напишана од некој композитор. Првично посветена на Наполеон Бонапарта поради неговата улога и духот што го внел во Француската револуција, но поради неговото подоцнежно владеење како тиранин, Бетовен го менува насловот, и ја именува како „Химна во спомен на еден голем херој“.
https://www.youtube.com/watch?v=nbGV-MVfgec&t=647s
Piano Sonata No. 31, Op. 110
Една од неговите три последни сонати за пијано. Во неа низ нотите Бетовен „збори“ за неговата глувост и болката која е предизвикана од неа.
https://www.youtube.com/watch?v=H3S8slvoHoU
Piano Concerto No. 3
Бетовен конечно се ослободил од влијанието на Моцарт. Концертот за пијано број 3 е посложено и покомплексно дело од претходните две (Piano Concerto No.1 i No. 2) . Ве доведува во мисла да, кога мислите дека греши, веќе во следниот такт се исправа.
Со ова дело може да се каже дека „Маестрото бил роден“.
https://www.youtube.com/watch?v=6zocO3Uoa_Y
Symphony No. 5
Оваа симфонија во општ, човечки план ја пренесува и евоцира борбата и победата на човештвото како светска целина. Се нарекува и „Симфонија на судбината“.
https://www.youtube.com/watch?v=fOk8Tm815lE
Symphony No. 9
Деветтата симфонија е последна и најголема симфонија на Бетовен. Ја компонирал во периодот од 1818 и 1823 година, користејќи ја деликатната и меланхолична „Месечева соната“, а завршена е кога композиторот било целосно глув.
- Не треба да знаете ништо за класичната музика за да уживате во една од најпознатите симфонии - 9-та симфонија на Лудвиг ван Бетовен, можеби едно од најиконските дела на западната музичка традиција - пишува „Џулијан џурнал“.
Позната е уште и како „Ода на радоста“.
https://www.youtube.com/watch?v=t3217H8JppI
Мора да сте логирани да напишете коментар.