Мала историја на високите потпетици

Никој не знае од каде точно потекнуваат високите потпетици, а уште помалку како настанале. Се смета дека се настанати на Блискиот Исток. Ги носеле јавачите на коњи се со цел да не се лизнат.  Токму приказот на ваквите потпетици можеме да го најдеме на  Персиска чинија од деветтиот век.

 

Во 15от и 16от век меѓу жените од Венеција биле популарни високите потпетици, кои биле показател за тоа колкав е нивниот социјален статус. Во текот на ренесансата нивната висина одела и до пола метар. Во ваквиот чевел не било возможно да се оди и затоа со дамите постојано имало слуга кој ја придржувал во одењето за да не се сопне. Не е утврдено кога точно се откриени високите потпетици, но за прв пат официјално се забележани на ногата на кралицата Елизабета I во почетокот на 16от век. Забележано било дека кралицата носи пар шпански кожни чевли со висока потпетица и лакирани. (На сликата подолу се прикажани чевлите на Луј Четврти).

Cipele Luja IV

 

Познато е дека нејзината полусестра, претходничка на Мери исто така ја ценела предноста во висината која овие чевли и ја давале. На Kралицата и нејзините дворјани не им сметла висината на потпетицата, а воедно и неудобноста на толку висок чевел бидеќи симболизирала висок ранг и ги разликувала од обичните работнички класи. Еден период и мажите и жените носеле скоро идентични чевли, а поделбата на машки и женски започнала во 1600 тата година. Дизајнот на женските чевли се упатил кон тоа тие да бидат декорирани со свила или плиш.

Пред Кристијан Лобутин да стане познат по чевлите со црвена потпетица, неговиот земјак тоа го наравил малку побрзо од него. Кралот Луј Четврти носел чевли со црвени потпетици со црвена мароканска кожа. Баш како што денес полудуваме по црвените високи потпетици на Лобутин, така тогаш полудувале по чевлите на кралот. Имитацијата на неговите чевли вредела многу пари. Љубовницата на кралот Луј Петти , Мадам Помпадур сама дизајнирала високи потпетици препознатливи по вдлабнатата внатрешна страна и по нестабилното одење на оние кои ги носеле нејзините креации. Самиот крал ги носел тие чевли и набрзо станале популарни низ цела Европа.

 

18. vek 

Високите потпетици биле моќно средство во периодот кога висината претставувала знак на супериорност. Да иронијата биде уште поголема, Наполеон, типичен претставник на личност која што пати комплекс на низок раст, ги забранил високите потпетици кога дошол на власт. Пред тоа во текот на Француската револуција потпетиците почнале полека, полека да излегуваат од мода бидејќи Французите не сакале да се поистоветуваат со аристократијата. Тогаш голема популарност доживуваат ниските чевли и папучите.  До средината на 19от век во Европа завладеала ниската конзервативна штикла. Америка многу подоцна се здобила со овој тренд на високи потпетици бидејќи биле забранети од Пуританците, а жените кои носеле вакви потпетици биле обвинувани за вештичарење. 

 

Pretpostavlja se da je ove cipele od plavog pliša nosila engleska plemkinja Meri Stenhop.

 

 

Уживате во овој напис? Останете информирани претплатете се на нашиот е-весник!

Коментари

Мора да сте логирани да напишете коментар.

За авторот