Манчестер Јунајтед со шанса да избие на место кое води во Лигата на шампиони.

 

Денес со почеток во 21 часот се игра последниот меч во рамките на 35тото коло во Премиер лигата.

Во него, екипата на Манчестер Јунајтед на домашен терен ја пречекува екипата на Саутемптон.

На домаќините од "Олд Трафорд" во прилог за победа и сигурни 3 бода им одат неколку причини, нивната форма пред се, со фактот дека на последните 10 натпревари во рамките на Премиер лигата забележаа 8 победи и 2 нерешени резултати со гол разлика 23-4, киксот на главните ривали за третата, односно четвртата позиција кои водат во Лигата на шампиони, кои ги загубија своите натпревари (Шефилд Јунајтед - Челзи 3:0, Борнмаут - Лестер 4:1), но и веста што денеска стаса од УЕФА, дека фудбалерите на Манчестер Сити сепак ќе имаат право на излез во Европа идната сезона, со што отпаднаа калкулациите дека петото место води во директен пласман во Лигата на Шампиони. 

На 4 кола до крај тимот на Саутемптон се наоѓа на 14та позиција, и е со обезбеден опстанок и за наредната сезона во прволигашкото натпреварување.

Да напоменеме дека доколку победат, "Црвените ѓаволи" за првпат после август 2019 година ќе се најдат на третата позиција.

Без поголеми проблеми во однос на составот, во очекување е дека менаџерот на Манчестер Јунајтед Оле Гунар Солскјер на терен ќе ја изнесе стандардната 11ка од последните 4 кола со која постави нов рекорд во најелитното натпреварување на островото од 4 победи по ред со 3 или повеќе гола разлика.

 

Уживате во овој напис? Останете информирани претплатете се на нашиот е-весник!

Коментари

Мора да сте логирани да напишете коментар.

За авторот

Низ мојата омилена парола "Without ART, Earth is just just EH", во прв план и како за мене битни секогаш ги ставам музиката, филмот и уметноста општо. Понекогаш и некоја добра книга, и фудбал секако. Обожавам квизови и енциклопедии, а батериите највеќе ми ги полнат звуците на природата, далеку од метежот и гужвите.