Мандики или Малинки се народ од Западна Африка кој се ширил преку деловите: Гвинеја, Брегот на Слоновата коска, Сенегал, Мали и Гвинеа Бисао. Со популација од околу 11 милиони жители. Мандинките се најпознатите припадници на западно- саудискиот народ (Манди). Нивните предци водат потекло од најпознатите афрички царства а едно од нив е царството во Мали. Основано околу 1235година во Западна Африка од страна на војничкиот крал Сундиото, а неговиот врв го достигнува во 14от век во времето на владеењето на неговиот потомок Манса Мунса. Богатството на овај народ доаѓа од рудниците и од транс-сахарските трговии со што допринело за доминација над племето. Во почетокот на 16 век околу 10.000 Мандинки се заробени и протерани од во Америка да служат како робови. Од околу 380.000 Африканци кои што завршиле како робови 24% биле од подрачјето на западна Аффрика која ги опфаќала Сенегал, габијските земји и земјите меѓу нив. Американскиот новинар и писател Алекс Хејли во 1976година по долгогодишното истражување го објавува романот Корени- сага за едно американско семејство. Го опишувал животниот пат на Кунта Кинта млад човек од племето Мандинки кој во 18от век бил грабнат од Гамбија и завршил као роб Северна Америка.
Содржината на романот ја пратат неуспешните обиди за бегство и казните како осакатување кои што ги добивал како казна за бегството. Подоцна настапува желбата за остварање на семејство и на своите потомци да им ги пренесува историјата културата и обичаите на неговиот народ. Романот на Хејли стекнал голема популарност кај читателите од вакви жанрови. Врз сето тоа во 1977 година е снимена и истоимената серија Корени и остварила голем успех. Некои Мандинки поради анеизмите во 12от век биле приморани да прејдат во Ислам и денес околу 95% од овој народ се Муслимани. Голем дел од постоечкото население од овој народ се делумно сиромашни и егзистираат само од земјоделие што е многу напорно за жените бидејќи од нив се очекува да бидат примерни сопруги да ги гледаат децата а воедно и да работат по полињата. Традиционалните обичаи на овој народ вклучуваат: договорени бракови, обрежување на мажите и жените како и полигамија. На еден маж од ова племе му е дозволено да има и до 4 жени под услов да се грижи за сите нив подеднакво и да не прави поделби. Првата жена секогаш е на врвот и мора да има поголем авторитет за разлика од другите меѓутоа мора меѓусебно да се сакаат и почитуваат па макар тоа и да е површно.
Нивните мажи најчесто работат како таксисти, месари, кројачи и столари а жените се врзани за децата куќата и полето. Образованието на ова племе е ниско и речиси околу 10% од нив се делумно писмени но затоа пак се многу добро информирани за нивното постоење и историја. То го научиле по приказните за селата и историјата дека се во еден живот се раскажува со песна. За традиционален инструмент се смета Кората или инструмент што наликува на Харфа. За жал овој инструмент веќе одамна го изгубил своето значење и денес се користи исклучиво само како атракција и забава за туристите.
Мора да сте логирани да напишете коментар.