Ментална сила - отстранување на ментални блокажи

Ментална сила - отстранување на ментални блокажи

Многу е лесно да се биде добар во ова време. Многу од луѓето се слаби денес. Ова на некој начин е омекната генерација.Ова значи дека доколку имаме било какви ментални потешкотии ако имаме било каков дел од самодисциплина, способноста да не сакаме, да го направиме тоа но сепак да го направиме и ако успееме да правиме работи кои вообичаено мразиме да ги правиме, на другата страна тогаш се наоѓа благодарноста. Што е тоа што се случува во нашето општество ? Зошто создаваме слаби индивидуи ? Индивидуи кои не можат да се снајдат кога ќе направат нешто погрешно во нивниот живот. Кога и нешто да тргне наопаку им се дава рецепт. Притоа не да го решат проблемот, туку да го маскираат. Зошто наместо ова не се дадат некакви стратегии со цел да би го зацврстиле умот. Оти на пример не се каже : во ред, дозволено ти е твојот живот да се движи во оваа насока и да стигне до оваа насока но преземи ја сам одговорноста, и нурни се длабоко во твојот личен развој, научи зошто се чувствуваш така. Во моментот кога се критикуваш, тие се откажуваат. Се обидуваат да ја одбранат упатената критика со бесмислен разговор, но никогаш со дефинирана акција. Во моментот кога се предизвикани тие паѓаат. Во моментот кога работите стануваат тешки,тие прогласуваат пораз. ,,Тоа не смее да биде за мене “ ,,Тоа е нивна грешка“ НЕ ! Вие сте само премногу меки. Вие сте слаби, кажете си ја себеси вистината , затоа што додека не го направите тоа и се додека не се погледнете во огледало и не си признаете дека вие сте проблемот, никогаш нема да бидете во можност да созреете во личност која е способна да успее во сите оние нешта во кои сакаме. Единствениот проблем си ти. Твојот ментален склоп е проблемот, твоето однесување е проблемот. Е сега ајде да ги погледнеме добрите вести за миг : Ти си исто и решението. Ти и само ти. Доколку имаш карактер, таа изјава ќе го промени твојот живот. Ако немаш карактер, тогаш ќе останеш само просечен ,,хејтер“ кој цело време се жали, како и повеќето останати луѓе. Ние самите сме си проблемот понекогаш, а истовремено сме си и решението (сами на себе). Секако дека се случуваат лоши и трагични работи. Работи кои никој не ги заслужува, но овде не говориме за тие работи, овде говориме за луѓето кои се на пат да изгубат работа поради некаква аномалија од овој вид. Една рсаправија може да ни ја уништи цела недела, и ова не е начин на кој ние треба да живееме. Само доколки имаме перспектива ако добро знаеме кои сме, и ако навистина го цениме она што го имаме, и веруваме дека се е како што треба да биде сите оние големи работи би можеле да се средат сосема поинаку.Убаво е да се знае дека нашите сакани треба да го знаат ова исто со цел да ни би продолжиле понатаму. Да се знае дека живееме во болка која што пак не држи во незадоволство, а се што треба е да ја пуштиме таа личност која што ни направила нешто погрешно да победи . Но, да го оставиме сето ова и да го живееме нашиот живот, да го сакаме нашиот живот, тогаш е моментот кога треба да кажеме ,,Јас победив “ Тогаш е моментот да кажеме ,,Јас нема да ти дозволам да поседуваш ниту еден мал дел од мојот ум и дух “ Ова е вистинската храброст, и ментална сила. Притоа не говориме за тоа дека треба да ја избегнеме болката,, страдањето, неуспехот, сите овие се елементи од нашиот секојдневен живот. Постојат за сигурно доста видови на болка,каде што некои страдаат повеќе од другите, но на некој начин сите ние страдаме заедно. Некои донесуваат одлуки свесно, или несвесно да живеат во таква болка. Додека пак некои одлучуваат да продолжат понатаму. Вие заслужувате да продолжите понатаму. Менталната сила доаѓа од тие борби, формирана е од болки истата се зголемува кога вие одбивате да се предадете, тогаш кога сите други најмногу посакуваат. Менталната сила јакне и се зголемува кога продолжувате да одите, кога нештата изгледаат невозможно, јакне кога ќе ја надминете границата која претходно била лимит за вас, јакне со конзистентност. Тоа е ментална сила.

Извинувањата и оправдувањата се за слаби индивидуи. Индивидуи кои немаат срце. Земете одговорност каде и да сте, и дадете си ветување дека ќе сторите нешто. Само вие го имате изборот ! Можете да правите оправдувања и да бидете каде што сте, или можете да преземете одговорност, акција, и да стигнете онаму каде што е потребно.

Уживате во овој напис? Останете информирани претплатете се на нашиот е-весник!

Коментари

Мора да сте логирани да напишете коментар.

За авторот