Веќе подолго време чекаме на нешто ново во Messenger апликацијата и конечно е додадено нешто ново. Со промените на Messenger кои доаѓаат неочекувано често го изненадуваат корисникот, а последните неколку беа прилично интересни, посебно Messenger Dark Mode и мрежното спојување со WhatsApp апликацијата. После тоа долго немаше нешто ново, а сега Facebook конечно одлучил дека е време за нешто такво.
Во ова време кога повеќе сме дома, Messenger добива опција за делба на екранот во видео повиците. Како што знаете, некогаш би било полесно да покажете на некого нешто или на повеќето луѓе како тоа нешто се прави или сте виделе, отколку да му објаснувате, а поделбата на екранот низ видео е вистинска опција за тоа!
Messenger Rooms е предходната опција која е украдена од Zoom апликацијата, а сега Facebook е „побогат“ за една опција. Делењето на екранот ќе биде овозможено на iOS и Android платформите и испораката на верзијата на Messenger апликацијата, која тоа го поддржува веќе започнала ширум светот. Опцијата работи за до осум луѓе во видео повикот, а повикот еден на еден или во Messenger Rooms повик за до 16 луѓе.
Сето тоа што се работи на телефонот, чиј екран се споделува се проектира во видео повик и се прикажува на учесниците, а тоа е одлично за презентација, која не може да се одржи на друг начин или за споделување на некоја приказан, која не сакате да ја споделите низ фајлови и директно со сите.
Messenger Rooms опцијата ќе има делење на екран и на десктоп и веб апликацијата на Messenger , а следниот чекор е вмрежување до 50 луѓе во еден повик со сите функции.
Ажурирајте го Messenger, па споделете впечатоци!
Мора да сте логирани да напишете коментар.