Веќе 22 години Дејвид Глашин (David Glasheen) живее на пуст остров, а друштво му прави неговото куче по име Поли.
Пред да се пресели на островот „Ресторејшн Ајленд“ мало острово во североистокот на Австралија, неговото богатство вредело околу 30 милиони долари.
Човекот кој бил милионер, одлучил да се откаже од сите свои животни лагодности, и да ја напушти својата секојдневница.
Бизнисмен и стручно лице за недвижнини, големиот дел од своето богатство го изгубили после големиот пад на берзата во 1987 година. Во неколку наврати пробал да го поврати своето загубено богатство, но после 10 години кренал раце од цивилизацијата.
„Сакам да умрам овде. Ова е мојот рај на Земјата. Кога дојдов на островот бев затруен од желбата и алчноста за пари и профит. Парите ги трујат луѓето. Поради нив и мојот брак се распадна“ објаснува Дејвид во неговиот документарец „10 години живот на остров“.
https://www.youtube.com/watch?v=w4NichvCRlE&feature=emb_logo
Кажува дека понекогаш му недостасуваат разговорите со луѓе, како и дека би сакал да си најде партнерка која би го посетувала во неколку наврати годишно.
Дејвид ја сака природата која го опкружува, но исто така ја истакнува и нејзината опасност.
Ако ви се случи да наидете на некоја незгода на островот, ќе нема кој да ви помогне, а со тоа последиците, па и смртта може да бидат неизбежни.
„Ги сакам дивите животни, али знаат да бидат многу опасни“ истакнува Дејвид.
Дејвид е роден во Сиднеј, бил власник на компанија за ископување злато во Папуа Нова Гвинеја.
Кога жената го напуштила, ги спакувал куферите и го напуштил урбаниот градски живот. Благодарејќи на својот генератор на соларни панели, може да користи интернет, а еднаш годишно го напушта островот за да обезбеди неопходни намирници за живот.
„Тука има змии, пајаци, крокодили, но е многу посигурно отколку во деловите во светот кадешто секојдневно има по некоја војна, и се случуваат терористички напади“ заклучува Дејвид Глашин.
Најтешко за него е тоа што е одвоен од своите деца, синот кој има 21 година и ќерката која никогаш не го посетила на островот. Ја преживеал и трагедијата во која неговата втора ќерка се самоубила пред 6 години.
Покрај тоа, и австралиските власти сакаат да го иселат од островот, а тој посакува таму да остане до крајот на својот живот. Но прашање е дали ќе успее во таа намера.
Мора да сте логирани да напишете коментар.