Мистериозниот остров во Кенија, од кој никој не се враќа назад

Нашата планета е доволно истаражена и проучена. Па, барем така мислиме.

Но, сè уште има многу места каде никој не стапнал. Сибир, девствените шуми на Јужна Америка, Антарктикот или Африка, Антарктикот, дури и океаните.

Што се случува таму на илјадници километри под водата, какви тајни чува топографијата на океанското дно? Сè уште нема одговор.

Envaitenet, е остров лоциран на езерото Рудолф, во африканската земја Кенија. Овој остров може да завземе едно од првите места на списокот на необични и мистериозни места на нашата планета.

Но, овој остров е доволно познат, бидејќи многу луѓе веќе го посетиле, но малкумина се вратиле од таму.

На јазикот кој го користи локалното племе „Ел Моло“, зборот според кој е именуван островот значи „нема враќање“.

Од античко време, островот се сметал за проколнато место и секој што ќе отиде таму не се враќа назад и никој не знае каде исчезнуваат луѓето.

Сите легенди на дивите племиња се чини дека се вистинити. Според нив, околу 1630 година сите селани кои се населиле на островот одеднаш исчезнале без трага.

„И никогаш повеќе не беа видени“, се вели во изјавата на истражувачите.

Во моментов, на островот можат да се видат само крокодили, змии, диви кози и други претставници на различна африканска фауна.

Според легендата, островјаните често доаѓале на копното за да тргуваат со стоки, но одеднаш почнале да се случуваат чудни и необјасниви работи.

Двајца мажи од соседните племиња решиле да проверат што е толку необично за овој остров.

Пристигнувајќи на местото, пронашле целосно напуштено село, запалени колиби и расипана риба. Исплашени од сето ова тие избегале и никогаш повеќе не се вратиле таму, но им кажале на двете племиња што виделе.

Во 1935 година, група од тројца мажи спровеле етнографско истражување во областа, проучувајќи ги обичаите и животот на племето Ел Моло. Двајца од нив исчезнале без трага.

Петнаесет дена подоцна, група луѓе биле испратени да ги побараат, но луѓето во не само што не пронашле никој, туку и не забележале знаци на каков било вид на живот. Вклучени биле и хеликоптери, но дури и ова пребарување не дало резултати.

Локалните племиња, на кои им е понудена огромна финансиска награда, одбиваат да се приклучат во потрагата.

Наоколу се шири верзија дека островот има портал, еден вид врата што води до други димензии. И како и секој контролен пункт, тој работи на свој распоред.

Локалните веруваат дека духовите на храбрите предци од островот, се заглавени на ова место во форма на змии и тие го прогонуваат секој што ќе се осмели да го наруши нивниот мир.

Сепак постои и едно сосема рационално објаснување за сите овие чуда.

Езерото Рудолф  е од вулканско потекло и повремено испушта токсични гасови кои, дејствувајќи врз човечкиот ум, го менуваат во таква мера што луѓето што го дишат влегуваат во неговите води и умираат.

Уживате во овој напис? Останете информирани претплатете се на нашиот е-весник!

Коментари

Мора да сте логирани да напишете коментар.

За авторот