Секој од нас, било тоа да е маж или жена има хоби кое што сака и има голема желба да го научи. Восхитени од предизвиците околу нас, сите се стремиме кон тоа да научиме многу работи кои можат да променат многу нешта и да влезат во историјата.
Мод Вагнер, пред се е класична жена од едвардијанскиот период, но тетоважите и фустаните без ракави ја прават првата жена за која се зборувало дека се родила еден век поназад. Првата жена тату мајстор во Соединетите Американски Држави која заедно со својот сопруг ја воведила уметноста за цртање на телото, и децении подоцна стекнала голема популарност. Мод Вагнер (моминско презиме Стивенс) е родена во Канзас во 1877 година. Работела во циркус и патувала низ Америка, притоа добивајќи ја инспирацијата за оваа техника. Номадскиот циркузен живот ја одредил нејзината судбина. На едно од нејзините патувања Мод ја наоѓа и својата друга половина и нејзината животна љубов Август Гас Вагнер. Гас пловел низ светот кон крајот на 19от век и дома се вратил со околу 300 тетоважи на своето тело. Двајцата се сретнале на светски саем во Сент Луис 1904 година. Во овој период тој патувал низ Америка одушевувајќи ги сите околу себе со својата уметност на телото. Тврдел дека занаетот го научил од поглаварот на азиските острови Јава и Борнео.
Фасцинирана од многубројните тетоважи, Мод прифатила да излезе со Гас со ултиматум за држење часови од времетраење од еден час за тетовирање. Гас се согласил и тука започнува нивната авантура. Неколку години подоцна тие се венчаваат и од нивната љубов на свет доаѓа и ќерката Лотева која подоцна продолжува по стапките на нејзините родители. Нејзиниот татко желбата за оваа техника ја стекнал на 12 години кога го видел водачот на циркусот познат по како "Капетан Констентенус, грчки Арбнас". Гас му се восхитувал на човекот кој тврдел дека бил грабнат од кинеските Тантари и бил тетовиран против негова желба. Подоцна Гас како поморски трговец решил да го изучува овој занает благодарејќи на домородските племиња од островите Јава и Борнео со рачни алати за тетовирање. Ја усовршил техниката и решил да се врати дома и да остави се зад себе притоа пишувајќи историја на оваа уметност во САД. Мод заедно со својот сопруг го изучувала занаетот. Иако на пазарот веќе имало и некои почетнички машини за тетовирање, Мод и Гас строго се придржувале кон својата техника за рачно цртање (тетовирање). Голем дел од тетоважите на Мод биле олицетворие на нејзиниот сопруг. На телото на Мод биле тетовирани митски и диви животни, жени на домородните племиња, егзотични растениа како и нејзиното име. Вангерови се едни од најзаслужните мајстори за оваа техника придржувајќи се кон тоа да ја искажуваат својата уметност без притоа да користат било каква машина за таа цел.
Стилот на Мод и Гас бил комплетно ист. Кога одлучиле да прекинат со нивната кариера во цикусот, ја продолжиле својата визија за тетовирање патувајќи низ Америка и тетовирајќи низ ноќни клубови и саеми. Гас починал 1941 година а Мод 1961 година оставајќи ја нивната ќерка како наследник на оваа уметност. Лотева ги следела стапките по кои што оделе нејзините родители а тоа е тетовирањето и правењето незамисливи дела на кожата на тие што ја практикувале оваа уметност. Но една најважна карактеристика кај Лотева е тоа што и покрај тоа што на 10 години станала врвен мајстор за тетоважи си дала завет дека вистинскиот мајстор на својот занает нема да има ни капка мастило на своето тело. Така и останало!
Мора да сте логирани да напишете коментар.