МИРИСНА НОТА - ЛИМЕТА-
ЛИМЕТА ( lat. Citrus aurantifolia) припаѓа на фамилијата цитруси и е многу слична на лимонот. Има интензивна, свежа и остра нота на лимон. По потекло лиметата ни доаѓа од Индија и Источна Азија. Во древните тантрички ритуали како прочистувач на лошите духови. Во Европа лиметата е донесена при размената со робови од страна на Персијците. Денес се одгледува насекаде во светот а најголемо производство има во Мексико. По својата примена лиметата се среќава во кујната алтернативната медицина, козметиката и парфимерската индустрија. Парфимерите и љубителите на парфеми го обожаваат поради својата свежа, лесна и енергична мирисна нота. Како и другите цитрусни ноти така и лиметата се користи како интензивна нота во парфемите. Најповеќе и најмногу се комбинира со останатите цитрусни ноти. Посебно внимание е посочено кон комбинацијата на лиметата со цветни ноти како: циклами, лилјани и ружи. Есенцијалното масло од лиметата се користи за изработка на парфеми која се добива со машинско и рачно цедење. Цеденото масло на лиметата се произведува повеќе за разлика од дестилираното кое се произведува во многу помали количини и е многу поскапо. Парфеми со лимета кои не треба да ги пропуштите:
Areej le Dore Siberian Musk
Atelier Cedrat Envrant
Atelier Pacific Lime
Bond no 9 I Love NY for Fathers
Creed Erolfa
Creed Virgin Island Water
Demeter Lime
Escentric Molecules Escentric 03
Guerlain Homme L’Eau Boisee
House of Sillage The Classic
Issey Miyake Bleu Astral
Jo Malone Lime Basil & Mandarin
Maison Francis Kurkdjian Aqua Celestia Forte
Mancera Lemon Line
Nicolai Balle de Match
Nobile 1942 Estroverso
Oriflame Aloha Lime
Ormonde Jayne Isfarkand
Penhaligon’s Extract of Limes
Tom Ford Azure Lime
Versace Vanitas
Zara Lime Tiare
МИРИСНА НОТА - МАНДАРИНА-
Мандарината (Citrus Reticulate) е овошје од фамилијата на цитруси. Потекнува од Кина и се смета како овошје за добра среќа и има важна улога во прославата на Нова Година. Многу домаќинки ја користат мандарината како би го освежиле домот. Поради своите лековит својства мандарината се користи во медицината, алтернативната медицина, козметиката итн. Во голем дел се користи етеричното масло добиено од мандарината кое се добива од кората на ова овошје со рајски вкус. Маслото од мандарина се произведува во Италија, Алжир, Шпанија и Кипар и мали количини во Грција. Најпознати парфеми со мирисна нота на мандарина се:
L’Artisan Parfumeur Mandarina Corsica
L’Artisan Perfumeur Mandarine
Marc Jacobs Daisy Daze
Mugler Alien Eau Luminescente
Odin Owari
Philosophy Giving Grace
Prada Infusion Mandarine
Serge Lutens Mandarine Mandarin
The Merchant of Venice Mandarin
Yves Rocher Mandarine d’Italie
Yves Rocher Mandarine de Noel
Zara Amalfi Sunray
Zegna Sicilian Mandarine
МИРИСНА НОТА - НЕРОЛИ-
Нероли (Citrus Aurantium, amara) е една од омилените мирисни ноти на парфимерите и љубителите на парфеми. Се добива од цветовите на дрвото од горчлив портокал. Неролито се добива со парна дестилација додека мирисниот цвет на протокалот се добива со растворање. Името нероли потекнува од Италија и едно мало градче во кое што живеела една многу убава девојка која се викала Anne Marie Orsini и била заљубена во мирисот кој го исполнувал воздухот во пролет. Anne Marie Orsini е првата која со дестилација на цветовите на неролито направила есенцијално масло која го користела за парфимирање на нејзината облека, нараквици и во своите топли купки. Anne Marie Orsini предизивкувала неодолива примамливост на целата околина со мирисот кој се ширел од нејзината куќа. Нероли нотата ја среќаваме во секој парфем како кај машките така и кај женските парфеми во комбинација со: јасмин, ружа и бело цвеќе. Еден од најпознатите парфеми со овој величенствен мирис кој мнгоу долго трае е Tom Fordov Neroli Portofino. Останати парфеми на база на неролија се:
Acqua di Parma Essenza di Colonia
Annick Goutal Les Colognes Ner.
Atelier Cologne Grand Ner.
Atelier Rebul Ner.
Bath and Body Works Tunisian Ner.
Bond No 9 Eau de New York
Bvlgari Aqua Amara
Comptoir Noble Ner.
Demeter Ner.
Ferrari Bright Ner.
Floris Neroli Voyage
Galimard Ner.
Jean Paul Gaultier Fleur du Male
L’Occitane Ner.
LUSH Uptown Funk
Mugler Cologne
МИРИСНИ НОТИ - ПОРТОКАЛ, ВЕРБЕН И ГЕРЈПФРУТ
ПОРТОКАЛ
Портокалот или сладок портокал е една од најинтензивните мирисни ноти. Освежува и дава енергија. За прв пат се споменува во кинеската литература 314година пред Христос. Во Кинеската литература портокалот е симбол на среќа и благостостојба за време на прославата за Нова Година. Во минатото портокалот бил достапен само за најбогатите и најмоќните семејства, слоеви и друштва. Најголеми произведувачи на портокали се Кина, Бразил и САД. Етеричното масло од портокал има најголема примена во ароматерапијата како средство за опуштање и смирување. Најпознати парфеми со оваа мирисна нота се: Happy од Clinique, Terre d’Hermes од Hermes како и Concentre d’Orange Verte и Eau des Marveilles, Boucheron Pour Homme, Orange Sanguine од Atelier Cologne, Little Italy од Bond no 9, Azemour les Orangers од Parfum d’Empire, Orange Spice од Creed, Orange Bitters од Jo Malone, Orange од Boss.
ВЕРБЕН
Лековито растение кое со децении има магично делување и се користело во многу цивилизации. Свежото етерично масло добено од ова растение има нежно зелена боја и специфичен мирис. Најмногу се користи во Италија и Франција. Парфеми со изразена нота на вербен се: Guerlain Eau de Vervaine, Creed Green Irish Tweed i Neroli Sauvage, L’Occitane Citrus Verbena, 4711 Acqua Colonia, Santa Maria Novella Verbena, Black Phoenix Alchemy Lab Arcana, Jo Malone Verbenas de Provance, Issey Miyake L’Eau d’ Issey, Lolita Lempicka Eau de Desir, Philosophy Lemon Philosophy, Thierry Mugler Alien Aqua Chic, Molinard Eau de Verveine, D’Orsay Esika, L’Artisan L’Eau d’Artisan, Caron Yuzu Man, Annick Goutal Eau de Sud.
ГРЕЈПФРУТ
Исто како и останатите мирисни ноти претставува една од најкористените во парфимерската индустрија. Етеричното масло добиено од грејпфрут има многу нежен мирис. Се добива од плодот на кората. Се верува дека ова овошје е добиено од рајот. Затоа и се нарекува Рајско овошје. За прв пат е донесен на Флорида во 20от век. Исто така за прв пат е споменато во делото "Седумте чуда на Барбадос". Произведувач на ова рајско овошје е САД. Најпознати парфеми со оваа нота се: Terre d’Hermes од Hermes брендот , освежувачкиот и моќен Pamplelune од Guerlain парфимерска куќа и елегантен и префинет L’Homme Ideal Cologne,исто од Guerlain брендот.
Мора да сте логирани да напишете коментар.