Мудри мисли за среќата

 

Среќа. За среќата раскажува секој и тоа на оној начин на кој гледа на неа, ја посакува и ја доживува. А кој може поубаво да пишува за среќата од големите книжевни умови?

Во прилог се прекрасни цитати за среќа од познатите писателски имиња.

 

 

„Некои предизвикуваат среќа каде и да одат, некои кога си одат“ - Оскар Вајд

 

Среќата во овој свет, кога доаѓа, доаѓа случајно. Ако ја направите цел по која ќе трагате, тогаш ќе ловите во празно и никогаш нема да ја добиете. Почнете да следите друга цел и многу е можно да ја фатите среќата, без воопшто да сонувате за неа“. - Натаниел Хоторн

 

„Ако животот ми ги скрати крилјата, и снегот почне да ми вее во очите, барем нема да се покаам што умеев да се смеам“. - Мирослав Мика Антиќ

 

Никогаш не дозволувај да сретнеш некого кој по вашата средба нема да биде среќен“. - Мајка Тереза

 

Мораш да се привикнеш и на малку тага во животот. Нема да знаеш што е вистинска среќа, доколку немаш со што да ја споредиш“. - Пауло Коелјо

 

„Колку луѓето имаат поголеми услови за среќа,толку се понесреќни“.- Пауло Коелјо

 

Малата надеж носи голема среќа.Додека големата надеж носи уште поголемо разочарување“. - Жарко Лаушевиќ

 

Среќа е кога она што го мислите,оно што го кажувате и она што го правите се во совршена хармонија“. - Махатма Ганди

 

 

„Велат дека на човекот му се потребни само три работи за да биде среќен: причина да сака, да работи и да се надева.“ -Том Бодет

 

„Кога би сакале да бидеме само среќни, тоа лесно би го постигнале. Но, ние сакаме да бидеме посреќни од другите, а тоа е секогаш потешко, затоа што сметаме дека се посреќни отколку што сè“. - Монтескје

 

Среќен е мудриот човек, бидејќи во него се соединуваат доброто здравје, доброто срце и средениот и образуван дух“. - Мантегаца

 

„Кога еднаш ќе го видите сјајот на среќата на лицето на саканата личност,знаете дека човек не треба да чуствува никаква друга должност освен да го разбуди тој сјај на лугето околу него.Во длабочината на зимата најпосле научив дека длабоко во мене има непобедлива пролет“. - Албер Ками

 

„Среќата која во најголем дел е несподелена, едвај може да се нарече среќа-таквата среќа нема вкус“. - Шарлот Бронте

 

„Бидете среќни секогаш кога ќе ви се пружи можност за тоа и секогаш кога ќе најдете сила во себе, бидејќи моментите на чиста радост вредат и значат повеќе од деновите и месеците од животот поминати во матната игра на нашите ситни и крупни страсти и потреби. Нивното остварување е променливо и нездраво,а задоволството од нив несигурно и краткотрајно, само на себе си претставува цел и смисла. А минута чиста радост засекогаш останува во нас како сјај што никој не може да го смрачи“. - Иво Андриќ

 

Среќата не е случајна, ниту нешто што треба да го посакувате. Среќата е нешто кое што сами го создавате“. - Џим Рон

Уживате во овој напис? Останете информирани претплатете се на нашиот е-весник!

Коментари

Мора да сте логирани да напишете коментар.

За авторот

Ако сте талентиран човек, тоа не значи дека сте добиле нешто. Тоа значи дека можете да дадете нешто.