Мумиите од Венконе: Повеќевековна мистерија во Северна Италија

Венконе е мало место (село) кое се наоѓа во близина на Удине, италијанска регија Фурланија - Јулијска покраина, и се простира во долината на реката Таљамента. Припаѓа во најважните водотекови во округот Удине. Ова мало село брои околу 1.300 жители. Станало познато по скоро откриената повеќевековна мистерија.

 

Жителите на ова место пред неколку стотици години биле принудени своите роднини кои биле починати да ги преместат на друго место, притоа кога започнал процесот на преместување откриле дека лешевите не биле воопшто распаднати и телата биле зачувани и неколку децении после смртта. Мумиите од Венконе со векови биле мистерија и привлекувале внимание кај локалното население, но и кај туристите и истражувачите. Првото мумифицирано тело било откриено во 1647 година и е наречено  Gobbo - Гобо (подгрбавен), а се зборува дека Наполеон бил толку фасциниран со нив, што тврдел дека тоа се негови војници од француската опсада во оваа област, при што му отсекле дел од телото на мумија и тој дел служел како бизарен сувенир за нивниот водач. Мумиите кои што денес се наоѓаат во Венконе живееле во периодот меѓу 14 и 19 век и првобитно биле сместени во крипто катедралата, а научниците неодамна ја откриле приината за зачуваните лешеви.

 

mumije iz venconea 3

 

Се воспоставило дека покрај одговарачката температура и влажност на воздухот, како и присуството на сулфати во земјиштетото, за мумифицирањето на лешевите од Венконе е одговорна микроскопската паразитска габа Hypha tombicina која што ја извлекува течноста од телото пред да започне процесот на распаѓање. Во капелата Сан Микел денес е изложени пет мумии кои претставуваат туристичка атракција на ова место а пред се наследство од непроценливо антрополошки интерес благодарејќи на историската и археолошката наука која овозможуваат подобро да се разбере како жителите на ова село продолжиле да живеат векови наназад. 

 

venzone mumije

mumije venzone italija

Уживате во овој напис? Останете информирани претплатете се на нашиот е-весник!

Коментари

Мора да сте логирани да напишете коментар.

За авторот