На денешен ден (14.07.) во музичката историја

 

- 1912 година роден е Woody Guthrie, американски фолк пеач и текстописец, познат по многуте протестни песни во текот на 30тите и 40тите години на минатиот век. Неговата работа во големо имала влијание врз Bob Dylan, кого самиот Dylan го нарекува за свој ментор и голема инспирација.

Починал на 3ти октомври 1967 година.

 

- 1964 година The Rolling Stones го имаат својот прв британски број 1 сингл. Се работи за песната "It's All Over Now" чиј текст го потпишуваат Bobby и Shirley Womack.

 

- 1979 година Donna Summer ја објавува "Bad Girls", својот трет американски број 1 сингл. Како инспирација за текстот и послужила една необична случувачка, во која една од нејзините асистентки била запрена и испитувана од полицијата, мислејќи дека е проститука.

https://www.youtube.com/watch?v=NF46NnUn5nw

 

- 1982 година во The Empire, Leicester Square, London, премиерно бил прикажан "The Wall" мјузиклот за групата Pink Floyd. 

 

- 1986 година, "Papa Don't Preach" синглот на Madonna се искачува на местото број 1 на британската сингл листа. 

https://www.youtube.com/watch?v=G333Is7VPOg

 

- 1987 година роден е Dan Reynolds, американски музичар, познат како фронтмен на Imagine Dragons.

https://www.youtube.com/watch?v=I-QfPUz1es8

Уживате во овој напис? Останете информирани претплатете се на нашиот е-весник!

Коментари

Мора да сте логирани да напишете коментар.

За авторот

Низ мојата омилена парола "Without ART, Earth is just just EH", во прв план и како за мене битни секогаш ги ставам музиката, филмот и уметноста општо. Понекогаш и некоја добра книга, и фудбал секако. Обожавам квизови и енциклопедии, а батериите највеќе ми ги полнат звуците на природата, далеку од метежот и гужвите.