На денешен ден (15.07.) во музичката историја

 

- 1946 година родена е Linda Ronstadt, американска пеачка. Со преку 15 Топ 40 американски хит сингла, добитник е на 11 Греми награди, 3 Американски музички награди, 2 награди од Академијата за кантри музика, како и една Еми награда.

 

 

- 1949 година роден е Trevor Horne, британски музичар, член на групата Buggles со кои го има број 1 британскиот хит "Video Killed The Radio Star", првиот прикажан спот на MTV. Продуцент е на три број 1 сингла на бендот Frankie Goes To Hollywood ("Relax", "Two Tribes", & "The Power Of Love")

 

- 1956 година синглот "Why Do Fools Fall in Love" на Frankie Lymon & The Teenagers бил британски број 1. Песната се наоѓа на местото број 314 на листата "500 најголеми песни на сите времиња" на магазинот Rolling Stone.

 

- 1956 година роден е Joe Satriani, американски музичар, мултиинструменталист. Со преку 10 милини продадени албуми е најпродаван инструментален рок гитарист на сите времиња.

https://www.youtube.com/watch?v=uoERl34Ld00

 

- 1956 година роден е Ian Curtis, британски музичар, гитарист, текстописец, вокалист  и текстописец на култните Joy Division. 

 

 

- 1965 година  ’'I Can’t Get No) Satisfaction" на The Rolling Stones доаѓа на местото број 1 на американската сингл листа.

https://www.youtube.com/watch?v=nrIPxlFzDi0

 

- 2018 година, "November Rain" на Guns N' Roses станува првото видео од 90тите години со 1 милијарда прегледи на YouTube. 

https://www.youtube.com/watch?v=8SbUC-UaAxE

 

Уживате во овој напис? Останете информирани претплатете се на нашиот е-весник!

Коментари

Мора да сте логирани да напишете коментар.

За авторот

Низ мојата омилена парола "Without ART, Earth is just just EH", во прв план и како за мене битни секогаш ги ставам музиката, филмот и уметноста општо. Понекогаш и некоја добра книга, и фудбал секако. Обожавам квизови и енциклопедии, а батериите највеќе ми ги полнат звуците на природата, далеку од метежот и гужвите.