На денешен ден (16.07.) во музичката историја

- 1952 година роден е Stewart Copeland, американски музичар, мулти-инструменталист, композитор, најпознат како тапанар на бендот The Police.

https://www.youtube.com/watch?v=Ki97mpo6Y_Y

 

- 1966 година Jack Bruce, Ginger Baker и Eric Clapton ја оформуваат Cream.

Иако потоела само 2 години, една е од најдобрите групи во историјата на рок музиката. Во 1993 година стануваат членови на Рокенрол куќата на славните, а магазинот The Rolling Stone i VH1 телевизијата ги сместуваат на 67, односно 61 место на своите листи "100 Најголеми артисти на сите времиња".

- 1981 година од срцев удар на 38 години починува Harry Chapin, познат по број 1 хитот "Cat's In The Cradle".

https://www.youtube.com/watch?v=etundhQa724

 

- 2000 година Coldplay со својот деби албум Parachutes доаѓаат на место број 1 на британската албумска листа. На албумот се наоѓаат хитовите "Shiver", "Yellow", "Trouble", и "Don't Panic".

Добитник е на Греми награда во 2002 година за Најдобар алтернативен албум.

https://www.youtube.com/watch?v=yKNxeF4KMsY

 

- 2001 година Robbie Williams го има својот 4ти британски број 1 сингл со песната "Eternity".

https://www.youtube.com/watch?v=SKVabsovX-c

 

- 2012 година на 71 годишна возраст починува Jon Lord, британски музичар, еден од ко-основачите и клавијатурист на Deep Purple. Бил текстописец на голем дел од песните на бендот, а како најпозната ја издвојуваме "Smoke On The Water".

 

- 2012 година "Bohemian Rhapsody" на Queen прогласена е за најомилен британски број 1 сингл на сите времиња. победувајќи ја "Billie Jean" на Michael Jackson.

https://www.youtube.com/watch?v=fJ9rUzIMcZQ

 

Уживате во овој напис? Останете информирани претплатете се на нашиот е-весник!

Коментари

Мора да сте логирани да напишете коментар.

За авторот

Низ мојата омилена парола "Without ART, Earth is just just EH", во прв план и како за мене битни секогаш ги ставам музиката, филмот и уметноста општо. Понекогаш и некоја добра книга, и фудбал секако. Обожавам квизови и енциклопедии, а батериите највеќе ми ги полнат звуците на природата, далеку од метежот и гужвите.