Најбруталните жени во светот (Прв дел)

 

Можеме да кажеме дека, без разлика на полот, убиството е присутно кај сите возрасти. Oвие личности, како и тие во вториот и третиот дел сепак имале некои одредени пореметувања и трауми, кои ги довеле до чин да ги извршат злодела. Не можеме да ги оправдаме овие дела, но можеме да ги осудиме.

 

 

 Кралицата Мери Тјудор Прва (1516-1558)

Mary_Tudor_by_Horenbout.jpg

Мери Тјудор била единственото дете на кралот Хенри Осми од неговата прва жена Катерина Арганска. Станала кралица на 1 октомври 1553 година и тежнеела кон тоа да ја одржи католичката вера во Англија. Позната е под прекарот „Крвава Марија“ бидејќи убила околу 300.000 протестански неистомисленици. 

 

 

Мајра Хиндли (1942-2002)

2

Мајра Хиндли и нејзиниот љубовник Иан Бреди се познати по тоа што во 60тите години на минатиот век кинднапирале три мали деца на возраст до 12 години и двајца тинејџери кои сексуално ги злоупотребувале, ги мачеле и на крај ги убиле. Осудени се на доживотен затвор, а за Мајра биле снимени неколку филмови. Прогласена е за најбрутална жена во Велика Британија.

 

 

Беверли Алит (1968-)

3

Беверли Алит е медицинска сестра од Грантам која убила четири деца кои биле под нејзина надлежност. Користела различни средства во текот на убиствата. Подоцна убила уште 6 мали деца, а сериозни повреди им задала на уште три. Осудена е на доживотен затвор со прекарот „Ангелот на смртта“. 

 

 

Бел Ганес (1859-1908)

Belle_Gunness_with_children.jpg

Норвежанка со 183 сантиметри висина и околу 90 килограми тежина, била силна жена која од алчност убила голем дел од своите момчиња и додворувачи кои требало да ја запросат, влучувајќи ги и нејзините деца. Се препоставува дека во различен временски период убила околу 20-40 луѓе.

 

 

Мери Ен Котон (1832-1873) 

4

Англичанка која усмртила 21 личност со арсен, меѓу кои биле и нејзините деца, пријатели, роднини, семејство и љубовник. За нејзините злосторства не била осудена на доживотен затвор, бидејќи веднаш по откривањето била обесена. 

 

 

Илс Кох (1906-1967) 

Ilse_Koch.png

Сопруга на Карл Ото Кох, командант на концентрационот логор Бухенволд, останала запаметена по сувенирите што ги земала од кожата на убиените затвореници со карактеристични тетоважи. По завршувањето на Втората Светска војна била доживотно осудена. Се обесила во женскиот затвор Ајхон на 1 септември 1967 година. 

 

 

Ирма Грезе (1923-1945) 

Irma

Жена која била вработена во нацистичките концентрациони логори Ровензброу и Аушвиц. За нејзината суровост раскажувале тие што го преживеале логорот. После завршувањето на војната била осудена за злосторство врз човештвото и е погубена во 1945 година. 

 

 

Кетрин Најт (1955-)

6

Првата жена од Австралија осудена на доживотен затвор без можност за помилување. Кетрин ѕверски го убила својот партнер Џон Прајс која подоцна неговите делови од телото ги зготвила и им ги послужила како вечера на децата. 

 

 

Розмари Вест (1953-) 

Rozmari

Розмари го запрепастила светот кога заедно со нејзиниот сопруг Фред извршиле 10 убиства вклучувајќи го и убиството на нивната ќерка Хедер. Фред пред судењето извршил самоубиство, а Розмари отслужува доживотна казна затвор. 

 

 

Ережбет Батори (1560-1614)

%C3%89lisabeth_B%C3%A1thory.jpg

Најпозната Унгарска грофица која е прв сериски убиец во историјата на човештвото, убиваќки околу 300-2.000 девојки кои заедно со нејзините соучесници најпрво ги мачеле, а подоцна убивале. Нејзините злосторства се откриени во 1610 година при што таа е затворена во нејзиниот дворец, а 4 години подоцна е пронајдена мртва. 

Уживате во овој напис? Останете информирани претплатете се на нашиот е-весник!

Коментари

Мора да сте логирани да напишете коментар.

За авторот