Последен дел од овие монструозни жени. Некои сеуште се живи, некои се самоубиле, но некои од нив никогаш не признале и никогаш не побарале да добијат мир и слобода.
Доротеа Пуенте (1929-2011)
Доротеа во Сакраменто поседувала пансион, а нејзини жртви биле оние кои отседнувале во него. Ги убивала како би дошла до нивното осигурување. Во 1993 година е осудена за три убиства, бидејќи поротата не можела да постигне договор за обвиненијата дека има уште шест убиства. Починала во затвор на 82 години.
Џенин Џоунс (1950-)
Некогашна медицинска сестра која се смета за одговорна за смртта на 11 возрасни и околу 46 деца во периодот од 1978-1982 година. Осудена е во 1985 година поради убиството на 15 месечната Шарлот Мекелаен, бидејќи му дала смртоносна доза на суксаментиум хлорид. Подоцна истата година е осудена за уште еден случај за повреда на дете во кое за среќа преживеало. Судот на крај и доделил 99 години затвор, но поради новиот закон во Тексас требало да биде ослободена во 2017 година. Оваа жена послужила како инспирација за книгата на Стивен Кинг и за креирање на ликот Ени Вилкс во романот „Мизерија“, по кој е снимен филм а воедно е награден со Оскар.
Нени Дос (1905-1965)
Убивала околу три децении, а нејзините злодела се откриени подоцна во 1954 година кога нејзиниот сопруг ненадејно починал во мала болница во Талси (Оклахома). Тогаш се открило дека Нени ги убила: својата мајка, децата, свекрвата, четири мажи, двете сестри и неколку блиски роднини. Една година подоцна е осудена на доживотен затвор, во кој починала од леукемија.
Дагмар Овербај (1887-1929)
Према податоците, оваа жена од Данска убила помеѓу 9 и 25 мали деца во период од седум години. Го убила и своето дете, а убиствата ги правела на начин што прво ги давела, потопувала и спалувала во ѕидана печка. Нивните безживотни тела после кремирањето ги закопувала и ги ставала на таванот. Кога била уапсена властите успеале да ја обвинат за девет убиства бидејќи немале докази за останатите. Овербај станала првата жена осудена на смрт во Данска во 20от век, но извршувањето на казната е одложено бидејќи починала во затворот на 42 години.
Ванета Хојт (1946-1988)
Ванета убила пет од своите шест деца што ги имала, и за ова свирепо дело била осудена на 75 години затвор. Умрела од рак на штитната жлезда во 1998 година.
Ронда Мартин (1907-1957)
Келнерка од Монгомери (Алабама) во јавноста е позната по тоа што ја убила својата мајка, двајцата сопружници и трите деца. Еден од нејзините сопрузи кој пред тоа и бил зет бил отруен како и останатите, но за среќа останал жив и му се поставила дијагноза на параплегија. Тогаш ја разоткрил Ронда. Била осудена на смрт на електрична столица.
Елен Жигаду (1803-1852)
Во 19 от век во Франција Елен Жигаду убила 36 луѓе во период од 18 години. После неколку убиства правела пауза во траење од една деценија и повторно настапила. Убивала фамилии на своите работодавачи за кои работела како куварка, користејќи арсен. Осудена е на смрт со отсекување на главата.
Мери Бел (1957-)
Пред нејзиниот 11ти роденден ги убила своите две жртви. Подоцна ја задавила четиригодишната Мартина, а два месеци подоцна и тригодишниот Брајан. Подоцна е уапсена и прогласена за виновна за убиство од задоволство. Пуштена е на слобода 1980 година и сега живее под друго има некаде во Велика Британија.
Гвенодлин Греам и Кејти Вуд
Се запознале во старечки дом каде што работеле. После тоа се спријателиле и се договориле заедно да убијат пет пациенти, наводно како дел од љубовна врска. Кога раскинале Гвендолин започнала да се забавува со друга жена со која заминала за тексас. Подоцна се октриени и уапсени благодарејќи на бившиот маж на нејзината партнерка. Греам е обвинета за пет точки од обвинението и осудена на пет последователни доживотни казни. Кејти е обвинета за убиство од прв степен и е осудена на 20 години затвор како спогодбена варијанта. Ќе биде ослободена во 2021 година.
Творците на ангелот од Наргива
Предводени од бабицата Јулија Фразекош, група на жени познати под називот „Творците на ангелот“ од Наргива убивале во временскиот период од 1914-1929 година околу 300луѓе. Јулија ги охрабрувала сите кои биле незадоволни од нивниот живот да ги убиваат своите блиски и членовите на фамилијата. Некои од нив биле жени на војници кои учествувале во Првата Светска војна.
Мора да сте логирани да напишете коментар.