Ви го претставуваме вториот дел со овие незамисливи женски злодела.
Хуана Бареза (1957-)
За убиства на старите жени направени во доцните 90ти години во Мексико Сити полицијата најпрво се сомневала дека биле извршени од страна на машка особа. Но на големо изненадување за сите, се работело за жена позната по La Mataviejitas. Хуана била дилер, со машки изглед и убила околу 29-49 личности на возраст од 29-49 години. Причината за убиствата што ги правела биле поради долготрајната горчина која ја чуствувала према нејзината мајка која била хроничен алкохоличар.
Леонарда Чанчули (1894-1970)
Италијанката Леонарда Чанчули убила три жени во периодот 1939 -1940 година, а од нивните делови од телото правела колачи и сапуни. Уште како дете во два наврати се обидела да се убие, а со убиствата започнала за да го спречи својот син Џузепе да оди во војска. Во текот на својот живот Леонарда била 17 пати бремена и многу пати имала спонтани абортуси, а децата кои ќе ги родела и умирале во рана возраст. Затоа и према нејзинот син била премногу заштитнички насторена. Умрела од мозочен удар во женскиот затвор во Поцуолију.
Дарја Николаева Салтикова (1730-1801)
Оваа жена се смета дека е одговорна за смртта на преку 100 жени и девојки. Ги тепала и ги мачела до смрт, и долго време ја избегнувала правдата благодарејќи на јаките пријатели и врски. После шест годишна истрага откриени се 38 убиства за кои е обвинета. Но царицата ја укинала смртната казна, па Дарја била понижена во јавноста така што била окована за столица со натпис околу вратот дек била жена што мачи и убива.
Делфин Лалори (1775-1849)
Припадничка на високите друштва и воедно прогласена за најзлобната жена во Њу Орлеанс. Позната е по тоа што крвнички ги мачела и убивала своите робови, а нејзиниот лик служел за инспирација на прочуената серија Американска хорор приказна за третата сезона.
Лавинија Фишер (1793-1820)
Се смета за првата жена сериски убиец во САД, која заедно со својот сопруг Џон Фишер водела хотел и ги убивала гостите. Мотивот бил пари и злато. Двајцата се осудени на смрт со бесење.
Миуки Ишикава (1897- ?)
Бабица од Јапонија која убила најмалку 130 бебиња, а сите убиства гИ започнала во Втората Светска војна во породилиштето каде што и работела. Во породувалиштето биле родени многу деца на сиромашни семејства. Сметала дека детето од вакви семејства не треба да живее, па затоа ги убивала. Поради овој немил настан Јапонската влада одлучила да го легализирала абортусот, а тоа се случило во 1948 година.
Сестрите Гонзалес
Делфина и Марија де хесус Гонзалес биле две сестри од Гванахута, град кој бил најголем град во Мексиканската држава. Сестрите во 50тите и 60тите години на минатиот век воделе јавна куќа. Девојките ги доведувале да работат со измами дека ќе бидат келнерки. Тие не претпоставувале дека ќе бидат проституки. Многу од девојките биле присилени да земаат кокаин и хероин. Биле убивани кога ке се разболеле до степен кога не можат да се лекуваат. Во јануари 1964 година злоделата на сестрите биле откриени и после претресот на јавната куќа, полицијата пронашла тела на 80 жени, 11 мажи и неколку фетуси. Осудени се по 40 години затвор.
Амелија Даер (1837-1896)
Една од најголемите сериски убијци во историјата. Убивала новороденчиња цели 20 години во времето кога владеела кралицата Викторија. Се претпоставува дека убила околу 400 деца, ако не и повеќе. Осудена е на смрт со бесење. Се верувало дека Амелија е всушност Џек Мевосек но тие докази никогаш не се пронајдени.
Џејн Топан (1857-1938)
Медицниска сестра која убила 31 личност во 1901година. Работела во болницата во Кембрич (Масачусетс) а пациентите и биле како лабораториски заморчиња, и на нив користела морфиум, атропин за да види што ќе се случи со нивниот нервен систем. Нејзината животна цел била да убие што повеќе беспомошни луѓе. На суд била обвинета дека има ментално пореметување и остатокот од животот го поминала во душевната болница во Торонто.
Енрикета Марти (1868-1913)
Била проститука која се занимавала со вештичарење, и која киднапирала деца а потоа им ги подметнувала на богати семејства и ги убивала. Нивните делови ги користела за правње разни напитоци, креми, а бидејќи туберколозата била во екот тоа време, многу богати семејства и плаќале пари за лекови. Уапсена е 1909 година, но благодарение на богата клиентка се извлекла од раката на правдата. Три годин подоцна е повторно уапсена, но никогаш не дочекала пресуда за злосторствата кои ги направила, бидејќи е убиена од страна на еден затвореник.
Мора да сте логирани да напишете коментар.