Најчудните навики на познатите писатели

 

Големите писатели често се споменуваат како луѓе со чудни навики. Тие се познати по свои интересни обичаи за кои веруваат дека позитивно влијааат врз креативниот процес и им ја будат инспирацијата. Иако некои се близу границата на опседнатост, сепак сите се интересни и уникатни.

 

Чарлс Дикенс

 

Тој пишувал само со сино мастило. Не поради некакво суеверие, туку затоа што се сушело побрзо од мастилата во други бои и правело напишаното да изгледа почисто и посредено.

 

Ден Браун

Браун верувал дека најдобриот лек за надминување на блокадата при пишување е да висите наопаку. Тој тврди дека оваа ''терапија'' му помага да се опушти и да се концентрира на пишувањето. Тој исто така чува песочен часовник на својата работна маса и ја одложува работата секој час за да се истегне и да направи склекови и вежби за стомачни мускули.

 

Виктор Иго

Своето ремек дело ''Ѕвонарот на Богородичната црква во Париз'' го напишал потполно гол.Прецизн,се соблекол,му наредил на слугата да ги сокрие неговите алишта и на тој начин се присилил да остане дома за да пишува.Инаку имал навика се да остава за утре.

   

Оноре де Балзак

Оноре де Балзак пронаоѓал инспирација за пишување на своите дела пиејќи кафе.Наизглед нормална навика човек да си направи кафе и да се фрли на работа кај Балзак се претворила во нешто меѓу зависност и опсесија. Така тој знаел да испие и до 50 шољи кафе на ден. Студиите покажуваат дека тој речиси воопшто не спиел додека го пишувал романот ''Чичко Горио''. Очигледно причината за тоа била количината на кафе која ја пиел.

 

Ернест Хемингвеј

Големиот американски писател сфатил дека речениците му доаѓаат најдобро кога стои,па така за време на пишувањето на ''Старецот и морето'' имал необична дневна рутина:се будел во зорите,пишувал стоечки на машина за куцање до попладне,а потоа одел во блискиот бар.Како тој само ова го опишува-done by noon,drunk by three...

    

Гертруда Штајн 

Инспирацијата ја наоѓала во рутинските задачи без разлика каде се наоѓала.На пример,таа можела дазапочне да пишува додека седи во автомобил додека нејзиниот партнер бил во продавница. За неа,зафатените улици и сообраќајниот метеж во Париз биле силен извор за инспирација. 

   

Владимир Набоков 

Нобоков користел индекс картички а кои пишувал романи. Ги чувал во мала кутија и можел да ги преуреди во било кое време. Под перницата чувал и неколку такви картички,во случај одеднаш да добие идеја. Така тој бил секогаш подготвен да запише.

Уживате во овој напис? Останете информирани претплатете се на нашиот е-весник!

Коментари

Мора да сте логирани да напишете коментар.

За авторот

Ако сте талентиран човек, тоа не значи дека сте добиле нешто. Тоа значи дека можете да дадете нешто.