Најпознатите проколнати хотели во светот (Прв дел)

 

Колку и да сме скептични кога ке слушнеме некоја приказна за духови, веројатно барем еден момент ни пролазиле морници. Оваа листа  на 12  проколнати хотели исто така нема да ве остави рамнодушни.

 

  • Хотел LANGHAM - Лондон

Овој лондонски хотел е отворен во 1865 година. Во него престојувале некои великани како Марк Твен, Оскар Вилдеј и Артур Конан Дојл. Многумина кои биле гости во овој хотел сведочат за присуството на духовим а еден од најпознатите е духот од соба број 333. Маж облечен во вечерна викторијанска тоалета кој се прикажува само во месец јануари, гостите ги фрлал од креветот на подот. Еден од гостите на овој хотел тврдел дека видел маж во војничка униформа покрај прозорецот на четвртиот кат. Англискиот крикет тим кој престојувал во овој хотел исто така биле преплашени од овие паранормални појави. Еден од духовите кој најчесто е присутен е доктор кој на својот меден месец ја убил својата сопруга, а потоа се самоубил. Во подрумот на овој хотел исто така може да се види духот на Наполеон Трети, а во раните утрински часови најчесто можеме да го видиме духот на младиот германски принц кој во овој хотел извршил самоубиство во 20от век скокајќи од прозорец. Цената за една ноќ во овој хотел изнесува околу 360 долари или 24.595 денари. 

 

 

  • Хотел BURCHIANTI- Фиренца 

За овој хотел се зборува дека е опседнат од многу духови. Некои од гостите тврдат дека низ хотелските ходници се слушале детски гласови, а во дворот често се појавувал дух на баба во столица, додека во раните утрински часови може да се види и духот на слугинка која ги извршува своите работни активности, вообичаено како и секогаш. Гостите кои спијат во собата Fresco room во која еднаш престојувал и Бенито Мусолини тврдат дека почуствувале ладен воздух на лицето во текот на целиот ден. 

 

 

  • Хотел RUSSELL- Сиднеј 

Во овој хотел гостите кои престојувале во соба број 8 тврдат дека има духови на осум морнари, а исто така слушаат и необјасниви чекори на дрвениот под во текот на доцните ноќни часови. 

 

 

  • Хотел HOLLYWOOD ROOSEVELT- Лос Анџелес САД

Изграден во 1926 година, и овој хотел денес е културно историски споменик во Лос Анџелес. Во него престојувале Мерлин Монро, скоро две години, а и  малата Ширил Темпл која постојано вежбала на скалите. Исто така овој хотел прв ги угостил и доделувањето на Оскарите. Голем број на славни личности престојувале во овој хотел меѓу кои Кларк Гејбл и Ернест Хемингвеј. Духовите на познатите личности постојано се појавувале во овој хотел, и гостите со лик на млада плавуша (Мерлин Монро) постојано се огледувале во огледалото, а последните сведоштва на гостите биле дека низ хотелскиот ходник постојано си игра мало девојче во син фустан. Цената за ноќевање во овој хотел изнесуваат 281 долар или 19.198 денари. 

 

 

  • Хотел CHELSEA- Њујорк

Овој легендарен хотел е изграден во 1884 година и е познат по присуството на славните личности како Енди Ворхол и Боб Дилан. Духот кој што најчесто е почуствуван во овој хотел припаѓа на американскиот новелист Томас Волфеј. 

 

 

  • Хотел COOMBE ABBEY- Варвикшир 

Духот од калуѓерот Геофреј кој е убиен во овој хотел во 1345 година го опседнал овој хотел уште од 12от век. Убиецот на калуѓерот никогаш не бил пронајден. Неговиот дух најчесто се појавува во кујната, и многу често гостите може да бидат сведоци на силни звуци од кујната. Кога е вознемирен духот ги фрла садовите на подот. 

 

 

  • Хотел JEKYLL ISLAND CLUB - Џорџија

Овој луксузен хотел во Џорџија угостил многу славни личности и многу богати американци, вклучувајќи го банкарот Џ.П. Морган кој бил познат по пушењето на омилените цигари точно рано наутро во 5 часот. Има моменти кога гостите се пожалиле дека секое утро во 5 часот се чуствува мирис на цигари во нивните соби. 

 

 

  • Хотел STANLEY - Колорадо

Хотел изум на Ф.О. Стенли во 1907 година, е хотел кој уште од самиот почеток бил опседнат со духови. Бившата домаќинка на овој хотел Елизабет Вилсон која починала во хотелот во 1911 година, наводно се вратила по својата смрт за да хотелот го држи под контрола и да си ја работи својата работа, а најчесто да се грижи за гостите кои престојувале во соба број 217. На четвртиот кат гостите редовно слушаат детски гласови, смеење и трчање, додека господинот Стенли и неговата сопруга најчесто се видени како шетаат низ хотелскиот двор. Исто така многу често може да ја слушнеме госпоѓата Стенли како свири на клавир. 

 

 

  • Хотел HAWTHORNE - Масачусетс

Хотел кој угостил многу славни личности вклучувајќи го и Американскиот претседател Џорџ Буш и неговата сопруга Барбара. Многу од гостите пријавувале паранормални активности од различна природа како: исчезнување на клучевите од собата, светла кои сами се гаснат и палат, вода која сама тече од славината а тука е присуството и на женски дух кој најчесто лута низ ходникот пред соба број 612. 

 

 

  • Хотел CHATEAU DE MARCAY- Франција

Иако отседнувањето во овој хотел е магично доживување, за некои е многу трагично. Овој хотел во почетокот на 15от век го врзува многу застрашувачка приказна. Дамите кои живееле во овој хотел преку ден биле нормални и убави девојќи, а преку ноќ се претварале во врколаци. Приказната кажува дека еден од мештаните успеал да убие една од нив и ја закопал на имотот. Денес нејзиниот лик сеуште лута низ ходниците во бела проѕрна наметка. Цената на едно ноќевање во овој хотел изнесува околу 140 долари или 9.568 денари.

 

 

  • Хотел TAJ MAHAL PALACE - Мумбај, Индија 

Масовен хотел со пет ѕвезди, отворен за гости во 1902 година и набрзо станал еден од симболите на Мумбај. Всушност тој е првиот објект во градот во кој се воведиле струја и лифтови. Трагедијата во овој хотел се случила уште при самата изградба, кога главниот архитект морал да замине на пат а неговите работници да продолжат со изградбата на објектот, но за жал тие објектот го поставиле во погрешен правец. Кога архитектот се вратил од пат и видел што се случило, под притисок и големо нервно растројство скокнал од петтиот спрат и од тогаш неговиот дух лута низ хотелот, и може во неколку наврати да се види како плачe поради тоа што се случило. Цената за ноќевање во овој хотел изнесува 378 долари или 25.844 денари. 

 

Уживате во овој напис? Останете информирани претплатете се на нашиот е-весник!

Коментари

Мора да сте логирани да напишете коментар.

За авторот